Кој го чува вашето бебе? Вашиот сопруг? Веројатно секоја мајка ја слушнала оваа реченица кога била некаде сама, без бебето. Но, татковците не ги „чуваат“ децата, татковците се татковци. Никој нема да ја праша жената дали ги чува своите деца затоа што знаат дека е таа нивна мајка и дека се грижи за нив.
Заради ваквиот однос кон татковците, организацијата National At-Home Dad Network направила маици на кои пишува: „Татковците не чуваат деца. Тоа се вика родителство“ и „Мојот татко не ме чува. Тоа се вика родителство“, а нивната акција се проширила низ интернет кадешто добиваат поддршка од сите татковци, но и од мајките.
Грижата за децата не е само работа на мајката
„Помогнете ни да ја рашириме пораката дека татковците не можат да ги чуваат сопствените деца. Ако таткото се грижи за децата, тоа се вика родителство“, порачуваат од организацијата.
„Задоволни сме од реакцијата на овие маици, а уште повеќе од пораката на оние кои ги носат.
Зборовите се важни, а сметаме дека ако се каже дека татковците само ги „чуваат“ своите деца, тоа само го поттикнува уверувањето дека се татковците на второ место, и дека грижата за децата е примарно работа на мајката“, рекол Крис Роутли, претседател на организацијата.
Фото: Фејсбук