Сопругата му рекла дека го сака кучето повеќе од неговите деца

„Мојата сопруга рече дека повеќе се грижи за нашето куче отколку за моите деца. Ние немаме заеднички деца, јас ги добив моите во претходната врска. Никогаш немало проблем, мојата сопруга е прекрасна со нив откако ги запозна и ги сака, но по оваа изјава незнам што да правам“, побарал совет еден татко на Редит.

0
113

Сопствениците на домашни миленици неизмерно ги сакаат своите миленичиња и често ги сметаат за рамноправни членови на семејството. Сепак, понекогаш претеруваат, барем така мисли еден 26-годишен маж кој се пожалил на сопругата која изјавила дека „поважно ѝ е кучето отколку неговите деца“.

Човекот ја раскажал ситуацијата на Редит и побарал совет од другите заради дилемата во која се наоѓа сега и не знае како да постапи.

„Мојата сопруга рече дека повеќе се грижи за нашето куче отколку за моите деца. Ние немаме заеднички деца, јас ги добив моите во претходната врска. Никогаш немало проблем, мојата сопруга е прекрасна со нив откако ги запозна и ги сака“, напишал тој во воведот.

Објаснил дека се заедно четири години, а проблемот излегол на виделина неодамна.

„Никогаш не се сомневав во нејзината љубов кон нив или обратно. Но сега не знам што да кажам. Пред да се венчаме ѝ реков дека не сакам да имам повеќе деца. Ги сакам со целото мое срце и се трудам да бидам најдобриот татко што можам да бидам, но да не бев млад и глупав, веројатно немаше да имам деца. Мојата сопруга се бореше со тие информации некое време и рече дека разбира и дека сепак сака да биде со мене“, продолжил тој.

Како што се развивала нивната врска, неговата сопруга почнала да ги гледа неговите деца како свои.

„И тогаш еден ден лежевме, лежерно си разговаравме во кревет и таа рече дека го сака кучето повеќе од нашите деца. Не велам дека мора да ги сака и не очекувам ништо од неа, но ова ме изненади Јас разбирам дека не се нејзини и навистина сакам да се обидам да ја разберам, но не го разбирам таквиот став“, заклучил тој и побарал мислење од другите за ситуацијата во која се нашол.

И, неочекувано за него, многумина застанале во одбрана на неговата сопруга.

„Кучето е најблиску до тоа да биде како дете. Тоа не е безвредно суштество, била искрена“, вели една личност.

„Гледам на ова од нејзина гледна точка. Ти си ѝ кажал дека не сакаш повеќе деца, па нема да ги има заради тебе, затоа може да го гледа кучето како дете”, рекол друг.

„Еден ден можеш да станеш, да си ги земеш децата и да си заминеш, а таа нема да може ништо да направи околу тоа. Била искрена и ја разбирам ако е малку огорчена“, истакнува трет.

Што мислите вие за ова?

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]