Снежана Богдановска – Сани и нејзината ќерка Анастасија често можат да се видат заедно на различни настани низ градот и она што не може да не го забележите е дека двете изгледаат прекрасно – срдечни, мили, убави и згодни, едноставно сакавме да ги имаме на нашиот слајдер.
Сани е еден од пионерите на македонската модна сцена, една од нашите најпознати и најуспешни манекенки, а веќе 20 години и моден новинар. Анастасија пак, работи како стујардеса во Визер, но тоа е само еден дел од нејзиниот професионален живот.
Имено, Анастасија е и нашиот единствен акредитиран новинар од Македонија на светските модни недели, статус кој го достигнала со многу упорност, посветеност и професионалност, но и прилично макотрпен процес за фриленсер, поткрепен единствено на сопствените сили.
Двете, мајка и ќерка, се совршени партнерки со одлично познавање и чувство за мода, и едни од ретките луѓе кои можат да ви го насмеат лицето.
За нивниот начин на исхрана и за нивните секојдневни навики, но и некој интересен рецепт од типот на оној за домашна моцарела, се надеваме наскоро ќе имате можностдапрочитате на порталот „Арт кујна“.