Родени се во ист ден, уверени дека се близначки и не гледаат никаква разлика

Џиа и Зури се убедени дека се близначки, па кога на една детска забава, едно постаро дете се обидело да им објасни дека не можат да бидат затоа што имаат различна боја на кожа, Џиа се расплакала и му рекла: „Не знаеш што зборуваш. Ние сме близначки затоа што имаме иста душа".

0
540

Седумгодишните Џиа Сарникола и Зури Копеланд велат дека не се најдобри пријателки. Всушност, тие тврдат дека се повеќе од тоа – сестри близначки. На ова му оди во прилог и фактот дека се родени во ист ден, а помеѓу себе не забележуваат никаква разлика.

„Тие ќе ви кажат дека се близначки и имаат цел список на факти со кои го поткрепуваат тоа“, велат нивните мајки Ешли и Валенсија.

На пример, покрај тоа што имаат роденден во ист ден, тие укажуваат и на физички сличности како што е еднаквата висина. Кога и да е можно, се облекуваат еднакво.

„Среќни сме кога ги гледаме, а потоа во секунда се растажуваме затоа што сме свесни дека мораат да пораснат, а свесни сме и какво е општеството“, додаваат мајките на малите пријателки.

Зури и Џиa веќе се сретнувале со непријатни коментари. На една детска забава, едно постаро дете се обидело да им објасни дека не можат да бидат близначки затоа што имаат различна боја на кожа. Џиа се расплакала и одговорила: „Не знаеш за што зборуваш. Ние сме близначки затоа што имаме иста душа”.

Како и да е, тие две се стремат да бидат добар пример. Имаат и заеднички профил на Инстаграм, како и веб-страница.

Фото: Инстаграм

[better-ads type='banner' banner='999' ]