Работилница: Чекор по чекор до правилен говор

На 19 март, во 12 часот во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје, ќе се одржи работилница која се состои од три дела: предавање, промоција и презентација на книгата „Чекор по чекор до правилен говор“ и дискусија со прашања и одговори.

0
195

На 19 март 2019 година со почеток во 12 часот во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје, ќе се одржи работилница на тема „Чекор по чекор до правилен говор“.

Предавач ќе биде м-р Ана Петреска, логопед и дефектолог од Здружението Интеракција плус од Скопје.

По завршувањето на работилницата заинтересираните учесници ќе можат да добијат сертификат и примерок од изданието „Чекор по чекор до правилен говор“.

Ова е трета по ред работилница на оваа тема во 2019 година, а работилницата се состои од три дела: предавање, промоција и презентација на книгата „Чекор по чекор до правилен говор“ и дискусија со прашања и одговори.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]