Постпородилната депресија ги зафаќа татковците во ист процент како и мајките, открило истражувањето кое го спровеле научниците од Универзитетот во Индијана. Постпородилна депресија е дијагностицирана кај 4,4 отсто од испитаните татковци, како и кај пет отсто од вкупниот број испитани мајки.
За да дојдат до одговор, научниците анализирале повеќе од 9.500 случаи. Сите испитани родители имале деца помлади од 15 месеци, а биле набљудувани од август 2016. до декември 2017 година.
Мајките се следат по породувањето за да се открие постпородилна депресија и вообичаена кај 10 до 12 отсто од случаите. Од друга страна, татковците не се следат, пишува Дејли Мејл.
Неколку истражувања покажале дека методите кои ги користат лекарите за да дијагностицираат постпородилна депресија кај жените, слабо делуваат на мажите. Кај татковците се чести симптомите на раздразнетост и немир кои не се опфатени со Единбуршката скала за постпородилна депресија. Со неа фокусот е ставен на чувството на вина, пореметувања на спиењето, недостаток на енергија и суицидални мисли.
Третина од татковците кои се погодени со постпородилна депресија помислуваат на повредување на себеси или на детето. Шведските научници од Универзитетот во Лунд велат дека е тоа тешко да се открие затоа што мажите не сакаат да бараат помош.
Со истражувањето се прибрани и нови докази за тоа дека и децата можат да страдаат од последиците на постпородилната депресија на своите родители. Имено, родителите кои се чувствуваат лошо, се помалку чувствителни на потребите на своето дете, особено на оние деца кои повеќе плачат. Бебињата на депресивни родители и помалку се стимулираат што може да придонесе за побавен развој на мозокот. Во некои случаи дури може да доведе до занемарување.
Сличен процент и на мајките и на татковците зафатени со постпородилна депресија се откриени во едно претходно истражување објавено во списанието JAMA Pediatrics.
Постпородилната депресија погодува една од пет мајки и обично почнува во првиот месец по породувањето. Многу жени воопшто не се свесни затоа што може да се развива постепено и затоа честопати не се лекува.