Помогнете му на детето да излезе на крај со смртта на блиската личност

Многу родители се прашуваат дали е правилно детето да присуствува на погребот на блиска личност и имаат дилеми како треба да му ја објаснат смртта на своето дете.

0
650

Кога на децата ќе им умре саканата личност тие обично не знаат како да излезат на крај со целосно новото и непознато чувство, а нам, на возрасните пак, ни е тешко да им помогнеме особено ако и самите минуваме низ периодот на тагување.

Кога детето ќе ја сфати и прифати смртта на блиската личност зависи на прво место од возраста на детето, неговата личност и животните искуства кои до тогаш ги стекнало. Сепак, постојат неколку основни точки на кои теба да обрнете внимание во овие тажни ситуации.

Бидете искрени и користете едноставни изрази

Многу е важно детето да го прифатите како некој кој може да ја поднесе вистината и раководете се од тоа, иако може да е многу тешко, особено кога ниту ние возрасните немаме одговори на сите поставени прашања.

Без оглед на тоа, кога ќе доживеете губиток на блиска личност, кажете му ја на детето вистината за тоа што се случило и дајте му на знаење дека во тој момент не постојат правилни и помалку правилни чувства и дека сѐ што тоа чувствува во тој момент е сосема во ред. Ако сте верник, можете со детето да зборувате за задгробниот живот.

Сфаќањето на детето за смртта и вашиот пристап кон целата приказна зависи од возраста на детето. Секое дете на поинаков начин ќе го прифати она што го слуша, но постојат неколку основни насоки кон кои би требало да се придржувате.

Децата на возраст до петтата или шестата година прилично буквално го сфаќаат светот и затоа смртта треба да им се објасни со користење на некои основни и конкретни изрази. Ако детето ги изгубило бабата или детето можете да му кажете дека нивното тело било толку старо што едноставно престанало да работи  и дека лекарите не можеле веќе да го поправат. Самата смрт можете да му ја објасните како „престанок на работата“ на нечие тело.

Децата обично имаат проблем да го сфатат фактот дека сите живи суштества во еден момент умираат и дека по смртта нема враќање, па бидете подготвени на тоа дека и кога ќе му објасните на детето што се случило, можно е да ве праша каде е сега таа личност и дали ќе се врати. Во разговор со детето избегнувајте фрази како што се дека таа личност отишла, заспала или дека сме ја изгубиле, затоа што детето тие изрази ќе ги сфати буквално па можеби ќе им биде страв да записе или ќе се плаши секогаш кога некој од домашните ќе ја напушти куќата.

Подгответе се и на тоа дека кога детето ќе постави прашање каде се наоѓа таа личност која починала главно не сака да слушне одговор „на небото“ или нешто слично и многу поприфатливо е ако му кажете дека е на гробишта – место за кое тоа сигурно знае дека постои.

Децата на возраст помеѓу 6 и 10 години почнуваат да ја сфаќаат смртта и нејзината конечност дури и ако не разбираат дека тоа ќе им се случи на сите еден ден. Децата дури можат да веруваат дека бабата нема да умре ако тие се добри или ако го посакаат тоа пред да ги дувнат роденденските свеќички.

Во овој период симбол за смртта за децата е обично скелет, бабарога или дух, а вие не се служете со тие изрази кога ќе му објаснувате на детето што се случило туку дајте му јасно, директно и конкретно објаснување.

Кога децата ќе станат тинејџери, тие навистина стануваат свесни за смртноста па нивните прашања откако ќе загубат блиска личност можат да станат свесни и за сопствената смртност и ранливост. Исто така, и тинејџерите ќе го бараат значењето на смртта на блиската личност и веројатно нема да бараат буквални одговори туку ќе го истражуваат значењето на самиот живот. Кај адолесцентите може да се појави и еден облик на вина затоа што не ѝ посветувале доволно внимание на својата баба или на дедото, а вие треба да ги охрабрите и со нив да ја споделите тагата.

Заедно прежалете го губитокот

Многу родители се прашуваат дали е правилно детето да присуствува на погребот на блиска личност. Вистина е дека не постои точен одговор на ова прашање и дека тоа зависи од дете до дете. Би требало да му дозволите на детето да учествува во целиот тој процес ако сака, но претходно треба да му објасните како изгеда сето тоа и што се случува на погребите па дозволете му само да одлучи дали сака или не сака да учествува.

Ако мислите дека заради сопствената тага не сте во состојба да му помогнете на детето, замолете некоја друга блиска личност да внимава на детето во текот на целиот процес.

Дозволете му на детето да помине низ процесот на тагување, да биде тажно и да плаче. Не го советувајте да ги потиснува своите чувства затоа што тагата и плачењето се сосема природни и нормални реакции. Исто така, ставете им на знаење дека колку и да сте вие тажни, секогаш ќе бидете тука з ада му помогнете и да му објасни сѐ што го интересира.

[better-ads type='banner' banner='999' ]