Зошто е јогата добра за децата со аутизам?

Во САД јогата сѐ почесто се користи како комплементарна терапија за децате со посебни потреби и аутизам, а од 24.март па сѐ до 28 јули бесплатни часови по јога има и во центарот на Скопје

0
568

Популарноста на јогата во светот и кај нас постојано расте, а во САД сѐ почесто се користи како комплементарна терапија за децате со посебни потреби и аутизам, па сѐ повеќе училишта и родители учествуваат во иновативните програми кои никнуваат ширум Америка.

Скот Андерсон, инструктор и оснивач на ЈогАутизам, на својот сајт открива како со позитивните работи кои типично се поврзуваат со јогата – како зголемување на снагата и флексибилноста, како и чувството на смиреност – кај аутистичните деца исто така доаѓа и до намалување на болката, напнатоста, агресивноста, опсесивното однесување и аутостимулативните активности. А има и уште добри вести! Тие деца имаат и повеќе успех во стекнувањето на нови пријатели и регулирањето на своите емоции.

Во саботата (24.март) и во Скопје почнаа бесплатни часови јога за деца со аутизам кои ќе се одржуваат сѐ до 28.јули во Центарот за здрава храна, ајурведа, јога и медитација ( Бул. „Св.Климент Охридски” бр. 48, Скопје). Часовите ќе ги водат Магдалена Манева и Соња Малиновска и асистентот Ирена Лозана кои имаат долгогодишно искуство во оваа област.

Јога е систем на физички вежби, употреба на техники за дишење и користење на визуелизација кои придонесуваат за подобрувањето на физичкото и менталното здравје на децата со аутизам и придонесуваат кон подобрување на целокупното живеење на целото семејство.

Воедно јогата ги развива моторните вештини, ја подобрува довербата и социјалните вештини. Јогата обезбедува сензорна интеграција, обезбедува техники за справување со предизвикувачко однесување за децата и за родителите, ја зајакнува самосвесноста а воедно и го развива емоционалниот мозок. Јогата е уредна и доследена а со тоа се овозможува лесно следење и учење на вежбите и техниките за дишење.

Иновативноста на овие часови е употребата на сликовити распореди, објаснувања на вежбите со слики и видеа. Користењето на овие системи ќе обезбедат успешна комуникација со децата, посочуваат од Центарот.

Часовите траат по 60 минути, а сите заинтересирани треба да го пријават своето доаѓање на 070 358 871 и 070 358 455 или на е-меил: [email protected].

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]