Оттуѓувањето на детето е психолошко насилство

Оттуѓувањето на детето е одземање на љубовта на другиот родител. Токму тоа му го прави оттуѓувачот на своето дете. И тоа може да му го прави само ако не е свесен за болката и несреќата што му ги предизвикува на своето дете, или ако болката на детето е за него мала цена во борбата против другиот родител.

0
472

Замислете се себеси како возраснa личност која без своја желба е одвоена од некој што го сака. Одземена ви е можноста да контактирате со таа личност на било кој начин, да се видите или да разговарате, без присуство на некој што ќе го надгледува секој ваш збор или гест, прегратка или насмевка.

Следно, замислете дека живеете со луѓе кои исто така ги сакате и им верувате и дека тие ви кажуваат секој ден дека саканата личност е лоша личност. Ви кажуваат колку била лоша и опасна за вас секоја нејзина постапка, дека не сте разбрале добро што ви се случува и дека таа личност на крајот на краиштата воопшто не ве сакала и ве напуштила.

И уште повеќе од тоа, замислете дека овие луѓе со кои живеете ви кажуваат дека ќе се разболат или ќе умрат ако само се обидете да ја побарате таа, за  вас драга личност, а камоли ако се обидете да ја видите или да ѝ се вратите. Дека, ако продолжите да ја сакате таа личност, тоа ќе биде предавство кон нив и тие ќе умрат поради тоа предавство и од тага. Па дури и дека саканата личност ги повредила оние луѓе со кои живеете сега и дека вие сте единствениот кој може вистински да ги заштити и да ги направи среќни – со тоа што никогаш повеќе нема да ја видите саканата личност, дури и да не прашате или да мислите на неа. Никогаш повторно.

И замислете, дека живеете така со денови, месеци и години, и никогаш не сте чуле или виделе некој од тие што исто така ја сакале таа ваша сакана личност, ниту пак некогаш ќе чуете нешто добро за нив. Замислете дека секој што ќе го сретнете подоцна во животот или не ја познаваат личноста што ја сакате или за неа зборува како за големо зло кое некогаш било дел од вашиот живот.
И, конечно, замислете дека немате никој, никој на светот, на кого можете да му кажете колку ви е тешко затоа што ја сакате таа личност и затоа што сте збунети и исплашени. И затоа што тие ве учат да мразите некого а да знаете длабоко во себе дека нема никаква причина за таа омраза.

И сега замислете го детето кое го доживува ова.

Оттуѓувањето на детето е одземање на љубовта на другиот родител.
При оттуѓувањето, тоа му го прави оттуѓувачот на своето дете. И тоа може да му го прави само ако не е свесен за болката и несреќата што му ги предизвикува на своето дете, или ако болката на детето е за него мала цена во борбата против другиот родител.

Без оглед за што станува збор, насилството е насилство и тоа над најранливата личност – детето. А, личноста на која ѝ е одземено детето е другиот родител, и таа љубов, која му е насила ускратена, ќе остави празнина што детето, како возрасна личност, ќе ја носи во текот на целиот свој живот.

Сега размислете дали сте на овој пат на насилство врз вашето дете. Ако е така – вратете се, веднаш – единствено така ќе бидете родител, а не насилник.

Фото: Freepik

Текстот е од ТУКА.

[better-ads type='banner' banner='999' ]