Оттуѓувањето на детето е злосторство

Синдромот на оттуѓување на детето се јавува кога родителот на кого после разводот му е доделено старателството на детето, кој според статистичките податоци во повеќе од 90 проценти од случаите е мајката, започнува да ги „труе“ односите на детето со таткото.

0
645

Современите бракови се под голем притисок. Некогаш, кога браковите беа потреба, партнерите ги врзуваа многу повеќе емотивни и други нишки. Денес тоа е главно љубов, но и минлива за вљубеност. Како резултат на тоа, два од пет брака ќе бидат разведени во одреден момент. Кога станува збор за развод на маж и жена кои немаат деца, работите се релативно непроблематични. Меѓутоа, кога разводот вклучува дете или деца, тогаш работите можат да станат многу комплицирани. Со разводот се констатира дека тој и таа повеќе не се сопруг и сопруга, но тие остануваат во улогите на татко и мајка, најчесто долга низа години.

Разводот, стрес за сите

Разводите се секогаш непријатни и многу стресни, не само за поранешните сопружници, туку и за нивните блиски луѓе. Но, најстресни се за децата. Тие не сакаат да ги изгубат ниту тато ниту мама, не сакаат да избираат помеѓу двајцата родители. За нив е најдобро да ја добиваат љубовта и вниманието од двајцата родители, без оглед на тоа кој од нив е назначен за старател. Тоа е „најдобриот интерес на детето“: и по разводот да има и мајка и татко.

Синдромот на оттуѓување на детето се јавува кога родителот на кого му е доделено детето, што според статистичките податоци, во повеќе од 90 проценти од случаите е мајката, започнува да ги „труе“ односите на детето со другиот родител. На детето отворено или прикриено му е кажано дека мора да избере помеѓу мама и тато, односно задолжително мама затоа што тато е толку ужасна личност.

Пораките во кои мајката се прикажува како жртва на таткото се повторуваат со месеци и години, што му наметнува чувство на вина на детето. Почнува да мисли дека ако чувствува и покажува љубов кон својот татко, ја изневерил својата мајка. Ова влијание врз детето е особено моќно ако го практикуваат и други членови на семејството на мајката. Типично е што мајката, под различни изговори, упорно ја саботира средбата на детето со таткото во услови утврдени од судот.

Во особено комплицираните разводи, мајката оди дотаму што лажно го обвинува таткото дека е силеџија на кого детето не може да му се довери или, уште полошо, изразува сомнеж дека таткото сексуално го злоупотребува детето. Во такви случаи, вклучен е центарот за социјална работа, во кој социјалните работници неретко го прифаќаат погледот на мајката во врска со ситуацијата и, од страв да не направат грешка на штета на детето, донесуваат одлуки на штета на таткото. Сето ова на крајот доведува до комплицирана мрежа на правни манипулации чија главна цел е да се спречат контактите и обновувањето на емоционалната врска помеѓу детето и таткото.

Кој страда повеќе кога ќе му го одземат детето: мајката или таткота? Ако сте помислиле на мајката, тогаш сте жртва на културен стереотип. Вистината е дека страдаат подеднакво. Таткото од кого е оттуѓено детето не само што страда затоа што не го гледа своето дете и затоа што и кога ќе го види тоа е многу резервирано кон него, туку страда и поради неправдата што му е нанесена. Тој исто така страда поради недостатокот на интерес и забавеноста на социјалната служба и другите органи што би требало поажурно да ги штитат татковците, а со тоа и правата на детето.

Иако статистички гледано, татковците се жртви на оттуѓувањето на нивните деца, постојат и спротивни примери кога таткото го оттуѓува детето од мајката. Во пракса, имав неколку примери во кои таткото преку емотивни и други манипулации успешно ги оттуѓуваше децата чиј старател, со судска одлука, беше мајката. Во повеќето од овие случаи, таткото се служел со парите за да ги задоволи децата, всушност ги корумпирал со повеќе или помалку суптилно дисквалификување на мајката како личност.

Како губењето на емотивната врска со родител влијае на оттуѓеното дете?

Американските статистики укажуваат дека овие деца подоцна биле значително оштетени. Во споредба со другите деца, тие имаат поголем ризик да го напуштат училиштето, да станат деликвенти, да земаат дрога и алкохол, да бидат депресивни или да имаат некое друго ментално нарушување, да се обидат или да се самоубијат. И, тоа е нешто за што родителот на четиригодишно дете не ни помислува. Но, професионалците знаат дека тоа ги обврзува со поголемо внимание и побрзо да пристапат кон синдромот на оттуѓување на детето од родителите.

Форма на злоупотреба

Денес се смета дека оттуѓувањето на детето од другиот родител е форма на злоупотреба на детето. Затоа, во некои земји се практикува кога ќе се утврди дека едниот родител оттуѓува, старателството да му биде доделено на другиот родител.

За сите оние кои сакаат да се разведат, најдобро е со сопружникот да одат на брачно советување за да проработат чувствата од односот маж и жена, за да не се прелеат во односот татко-мајка-дете. Многу експерти се залагаат за автоматско заедничко старателство, бидејќи, на долг рок, тоа спречува војни околу децата и ги принудува двајцата партнери да научат да соработуваат како татко и мајка.

Текстот е од ТУКА.

Фото: Freepik

[better-ads type='banner' banner='999' ]