Ова може лесно да биде причина зошто вашето дете не проговорило на време!

Рускиот педијатар Олег Комаровски од Новосибирск тврди дека ова не е научно истражување, туку негов заклучок кој го донел врз основа на искуството и најчеста причина поради која децата не прозборуваат до својата трета година.

0
315

Сè повеќе родители се жалат дека нивното дете не прозборело има три или дури четири години. Развојот на говорот е индивидуален и има големи разлики меѓу децата, но бидејќи денес сè повеќе луѓе зборуваат за аутизам и аутистичен спектар, сè повеќе родители наоѓаат симптоми во однесувањето на своето дете што би можело или но и не мора да ја докажат таа дијагноза.

Сепак, отсекогаш имало и ќе има деца кои едноставно се мрзливи да зборуваат и без дополнителни вежби ќе прозборат кога ќе им се зборува.

Но, еден невролог можеби ја открил причината зошто има сè повеќе такви деца. Станува збор за детскиот невролог Олег Комаровски од Новосибирск, чие истражување е објавено на страницата Komarovskiy.net.

За пет години истражување, овој невролог имал многу случаи на деца кои сè уште не зборувале на возраст од три години. Зошто е тоа така, тој не докажал научно, но формирал мислење засновано врз виденото искуство. И, како што потенцира во написот, тоа се само негови забелешки бидејќи забележал една работа.

„Тригодишниците кои доаѓаа кај мене на преглед навистина имаа многу слични симптоми на децата со класичен аутизам – но тие ја немаат таа дијагноза и никогаш нема да ја имаат. Тие имаат друга дијагноза и таа се нарекува екраноманија. Имено, сите тие деца од најрана возраст биле заковани пред екраните, а за да не биде сега тоа некоја модерна флоскула, тоа се факти на кои студиозно им се пристапило. Сите деца кои завршиле кај овој невролог веќе на едногодишна возраст имале таблети, паметни телефони, лаптопи, бидејќи тоа за жал денес е нормално во воспитувањето. После две години, тие деца покажале поразителни последици – изразот на лицето им бил закочен, погледот бил насочен право и секој обид да им го земете уредот од рака завршувало со незадоволство и агресија. Немало говор, дури ниту обид за тоа. Како по правило, откако уредот им бил земен од рацете, децата продолжувале да гледаат право без да покажат никаква љубопитност за светот околу нив или за комуникација со другите“.

Неврологот не исклучува дека кај некои од овие деца се развива некаква форма на аутизам или аутистичен спектар, но знаејќи колку е лесно да се измешаат причината и последицата, тој се обидел да навлезе подлабоко во проблемот за да може да ја докаже причинско-последичната врска на долгорочната употреба на гаџети од најраната возраст на детето како една од формите на (за жал) стереотипно однесување.

За да ги поткрепи овие тези, тој го објавил случајот на едно девојче кое на возраст од шест или седум месеци било нормално весело бебе кое мавтало и велело па-па. На околу 7-8 месеци, детето почнало да јаде во столче пред ТВ, и оттогаш тоа практично започнало постојано да живее со некој од гаџетите во рака. На 15 месеци девојчето повеќе не реагирало на ништо – ниту на повиците на нејзините родители ниту на кое било барање. Нејзините родители се обратиле за помош и тој ги советувал да ги отстранат сите гаџети од неа. Првите неколку дена девојчето било раздразливо и луто, но сепак не реагирало на ништо и не остварувало никаков контакт со очите.

Малку по малку, контактот започнал да се враќа, тоа полека почнало да покажува со рака што сака, и иако овој експерт не исклучува дека во нејзиниот случај можеби станува збор за некој дел од аутистичниот спектар, верува дека не е сè до таа дијагноза. Тоа се докажало со отстранување на екраните од животот на детето, па малото девојче полека почнало да се враќа во нормален развој.

Таа е сè уште премлада во споредба со тригодишните деца кои не зборуваат, но на многу други случаи на кои работел, тој докажал дека токму екраните ги окупираат децата толку многу што едноставно немаат потреба да зборуваат и да комуницираат со околината.

Фото: Unsplash

[better-ads type='banner' banner='999' ]