Нов Гинисов рекорд во брзо туркање детска количка (ВИДЕО)

Човек од Ајдахо (САД), со помош на својот петгодишен син, го подобри Гинисовиот рекорд за најбрз 10-метарски спринт со туркање детска количка.

0
56

Овој човек од Ајдахо, досега собори повеќе од 200 Гинисови рекорди, а неговата цел е преку тоа да го афирмира и да го промовира СТЕМ образованието. СТЕМ е акроним со кој се означуваат образовни програми базирани на идејата за едуцирање на учениците во четири дисциплини – наука, технологија, инженерство и математика со интердисциплинарен и применлив пристап.

Овојпат, тој со својот 5-годишен син го собори Гинисовиот рекорд за најбрзото трчање на 10 метри, додека турка детска количка.

Дејвид Раш, кој постави повеќе Гинисови рекорди, вели дека со години сакал да го подобри и овој рекорд, но морал да чека син му да го исполни минималниот услов за тежина.

Видеото објавено на Јутјуб покажува дека Дејвид Раш прво го отвора седиштето, го става детето во него, туркајќи го трча потребното растојание од 10 метри и на крај повторно ја преклопува количката.

Времето кое Раш и неговиот син мораа да го урнат беше 15 секунди. Тие двајцата се справија со предизвикот за 10,04 секунди.

[better-ads type='banner' banner='999' ]