Мајките се задоволни од значајната промена во упатствата за доење објавени од Американската академија за педијатрија (ААП). Ажурираните упатства сега овозможуваат мешање на ладното и на топлото млеко што се издојува, па дури и препорачуваат мешање на млекото издоено во рок од 24 часа за да се „изедначи количината на хранливи материи“.
Никој не е сигурен кога е направена оваа промена, бидејќи веб -страницата на ААП наведува дека страницата последен пат била ажурирана во февруари 2021 година, но тоа е голема работа за многу мајки.
Имено, до неодамна во упатствата стоеше дека не треба да се комбинира издоеното млеко со различна температура, односно дека топлото млеко треба да се излади во посебен сад пред да се додаде во друг сад со веќе студено млеко.
Новите упатства наведуваат: „Мајките треба да се стремат кон чистота, но и да разберат дека млекото е биолошка супстанца полна со пробиотици и комензални бактерии. Измијте ги рацете, користете чисти или нови садови, намалете го преносот на млеко (ова троши маснотии и калории) и измолзувајте директно во садовите за складирање. И пластичните и стаклените садови се во ред, бидејќи нема докази дека едните се подобри од другите. Мајките можат да ги измешаат топлото и ладното млеко или дури да размислат за собирање млеко во тек на 24 часа, што може да помогне да се изедначи варијабилноста на хранливите материи заради времето на доење (што влијае на содржината на маснотии во млекото).
Новите упатства експлицитно наведуваат дека собирањето млеко преку 24-часовен циклус во еден сад е безбедно, па дури и се препорачува, за да се осигура дека целото млеко ги содржи сите хранливи материи. Во зависност од должината на измолзувањето или времето од денот, количината на хранливи материи и шеќер во мајчиното млеко може да биде многу разновидна.
„Па, ова е одлична вест, бидејќи немав поим дека не смеам да го мешам млекото. Зарем бев единствената што не го знаеше тоа?”, ја коментира оваа вест една мајка на Редит.
Неколку други велат дека дури и пред промената на упатствата, го правеле токму тоа, односно го мешале измолзеното млеко во рок од 24 часа во еден сад што го чувале во фрижидер.
Помал пренос на млекото е од клучно значење бидејќи кога се префрла млеко од садот во шишето за хранење, некои масни соединенија може да останат залепени за внатрешноста, со што се намалува содржината на маснотии во млекото.
Постарите жени честопати се полни со совети што треба да јаде и пие мајката за да има повеќе млеко за бебето, но науката е прилично воздржана во таа област.
Фото: Freepik