Не, не ги доев ниту двете мои деца. Знаете зошто?

„Зона без доење. Нашето чудо од бебе ќе се храни со формула и тоа нема да влијае на нејзината иднина", пишува на натписот кој оваа мајка која преживеала рак на дојките и двојна мастектомија, го ставила во својата болничка соба за да ги избегне непотребните прашања на болничкиот персонал.

0
534

Кога Меган Козиел се спакувала за во породилно, зела со себе натпис кој решила да го обеси над креветот. Иако бил розев, не пишувало „Девојче е“. Меган носела натпис со кој решила да ја подигне свеста на болничкиот персонал кој би можел да ја прашува зошто не го дои своето бебе.

„Зона без доење. Нашето чудо од бебе ќе се храни со формула и тоа нема да влијае на нејзината иднина”, пишува на натписот.
На Козиел ѝ бил дијагностициран рак на дојка на 26-годишна возраст. Додека другите жени размислувале за мајчинството, таа морала да носи тешки одлуки. Била подложена на двојна мастектомија. Ја изгубила косата и градите, а потоа поминала и низ предизвикувачките процедури за реконструкција на градите. По сето тоа, таа останала бремена.

„Внимание, внимание! Имаме идна мајка која имала рак на дојка и мастектомија, што значи – нема гради во куќата”, напишала на натписот, кој станал вирален.

Со знакот, Козиел решила да ги спречи несаканите разговори со вработените во болницата, а на социјалните мрежи да поттикне сериозни разговори за рак, мајчинство и надеж.
Да ми кажеше пред три години некој, на денот кога ми беше дијагностициран рак, дека сега ќе го имам овој скапоцен ангел во моите раце, ќе му се насмеев во лице“, вели таа, испраќајќи порака до другите жени: медицински потпомогнато оплодување, сурогат-мајчинство, посвојување до згрижување … СЕКОГАШ постои начин да се стане мајка“.

Во меѓувреме, Меган и нејзиниот сопруг добиле уште едно дете.

[better-ads type='banner' banner='999' ]