Заради пандемијата се откажани повеќе прегледи од кога било, па би можело да се каже дека листите на чекање се излезени од контрола и тоа ќе доведе до зголемување на времето потребно за закажување нови термини за разни медицински прегледи.
Пандемијата не влијае само на здравствените прегледи, во целиот свет ковид-19 влијаеше на репродуктивниот избор на жените. Огромното мнозинство жени потврдиле дека сега преземаат дополнителни контрацептивни мерки за да избегнат да забременат во овие несигурни времиња. Загриженоста за финансиите и вработувањето најмногу влијаело врз одлуките на жените.
Жените и девојчињата во земјите во развој имале ограничен пристап до производи за менструација и контрацепција заради прекинатите синџири на снабдување, па пандемијата го отежнала пристапот на жените до основните потребни средства.
Заради одложени или откажани термини кај гинеколозите, исто така, многу жени, останале и без рецепт за апчиња за контрацепција.
Фото: Freepik