Мајка тврди дека ја исфрлиле од ресторан бидејќи доела

Руби Меден е мајка на новородено бебе. Таа тврди дека била исфрлена од ресторан во Вашингтон откако почнала да го дои своето четиридневно бебе и ѝ рекле „никогаш да не се враќа“.

0
56

Руби Меден планирала да се сретне со нејзиниот сопруг Арон и семејството на вечера во ресторанот Greek Islands во Анакортес. Нејзиниот новороден син Рет бил гладен, па почналаа да го дои додека се подготвувале да влезат во ресторанот, изјавил таа за KOMO News.

„Го покрив, се покрив и себеси и градите. Седнав и се свртев кон ѕидот”, објаснила таа.

Двојката чекала половина час за келнерот да стигне до нивната маса. Кога конечно им пришол човек, ги замолил да си заминат.

„Тој беше сопственикот. Го прашавме зошто и што не е во ред, а неговиот одговор беше да не се вратиме никогаш повеќе”, додава сопругот Арон.

Доењето на јавни места, вклучително и ресторани, е легално низ САД. Исто така, Breastfeeding Coalition на Вашингтон наведува дека е „нелегално некој да бара од вас да престанете да доите, да го покриете вашето бебе, да се преселите во друга просторија или да заминете“.

Арон вели дека оставиле лоша рецензија за ресторанот, а потоа сопственикот им одговорил.

„Тој ги нарече нашите деца мрсулковци, а мојата сопруга животно. Уште еднаш спомна да не се враќаме никогаш повеќе”, истакнува Арон.

„Мојот избор да го дојам бебето во тој ресторан е причината што целото семејство беше исфрлено“, тврди Руби.

Откако Арон го споделил своето искуство во локалната група на Фејсбук, неколку мајки се собрале пред ресторанот и протестирале. Сакаа да се соочат со сопственикот, но тој тој ден понуди само нарачки за носење надвор, а потоа го затвори ресторанот. Исто така ги отстранил страниците на ресторанот на Фејсбук и на Инстаграм.

„На еден или на друг начин, тие ќе треба да одговараат бидејќи е незаконски да се исфрла жена заради доење“, рекла Меган Стивенс, една од демонстрантките, за KOMO News.

[better-ads type='banner' banner='999' ]