Блу Ерусалим е ќерка на италијанскиот милијардер Жанлука Вачи, кого многумина го нарекуваат најзгодниот дедо на светот и неговата 27-годишна девојка Шерон Фонсека.
View this post on Instagram
Блу е родена пред нешто помалку од една година и од најрана возраст родителите ја опсипуваат со скапа облека, ја носат на патувања и ѝ ја исполнуваат секоја желба.
„Таа е со нас. Јас и Шерон сме среќни бидејќи можеме да објавиме дека нашата ќерка Блу Ерусалим Вачи се роди утрово. Фала му на Бога, таа е здрава и ние веќе ја сакаме повеќе од животот”, напиша Вачи на Инстаграм во октомври 2020. година кога стана татко.
View this post on Instagram
Според Дејли Меил, Вачи тежи околу 300 милиони долари и го следат 20,6 милиони луѓе на Инстаграм. Шерон (28) е венецуелска манекенка со 5,6 милиони следбеници.
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм