Најлошото нешто што родителите можат да ѝ го направат на својата ќерка е да ја одгледуваат како „добро девојче“.
И тука не станува збор за пристојно однесување, убави манири или одговорност. Добрината честопати е навика водена од туѓи проценки и мислења, страв од навреда на кого било, желба да се гледа најдоброто во секоја ситуација. Да се биде добар – пријатен, внимателен – е тежок товар од кој многумина не можат да се ослободат цел живот.
Сите ги сакаат добрите девојчиња. Воспитувачките во градинка, родителите, наставниците во основно училиште. Му велите на своето добро девојче да ја изеде до крај својата супа – таа ја јаде, гушејќи се, за да не ги вознемири возрасните. А потоа, како возрасни, тие не разбираат зошто имаат прекумерна тежина и имаат навика да јадат повеќе отколку што му треба на телото. Не може да го чуе своето тело, не е навикната. Не знае како да го чуе, ги слуша само другите.
Доброто девојче не се кара со возрасните. Тоа не им зборува грубо, па дури и не зборува рамноправно: само се насмевнува, се согласува, се покорува. И кога таа стасува до 14, 15 години, некој возрасен маж почнува да ѝ се приближува со сладострасна насмевка, таа сè уште молчи – нема вештина да каже Не. Таа страда од ужас, но ќе издржи таму кадешто треба само цврсто и гласно да каже: тргни се!
Доброто девојче има само петки. Четворките за неа се трагедија. Во текот на годините на студии, таа се навикнала толку многу да се фокусира на проценките на другите што продолжува да живее вообичаено во нервозно исчекување: како ме оценуваат? Што велат за мене? Дали мислат дека сум добра? Девојчето сака да добие висока петка од целиот свет, како на училиште. Но, светот на возрасните е поинаку уреден, тој е скржав за пофалби и дарежлив за навреди и рани. Девојчето страда и пие седативи, ако не и нешто посилно.
Доброто девојче се обидува да биде пријатно за другите, најдобро, меко како памук. Тоа е пријатно, се грижи, се жртвува. Но, овие жртви не само што не се ценат, туку се сметаат и за знак на слабост. И тие се користат без двоумење и без ограничувања.
Многу добри девојки, воспитани во идеалите на жртвување, ќе најдат сопрузи безработници, паразити кои ги изневеруваат. А тие без колебање ги експлоатираат своите жени, па дури и ги тепаат.
Добрата девојка се учи да издржи. Да не го одвлекува вниманието на другите од нивната важна работа „со нивните ситници“. Послушно чека да ѝ се посвети внимание. Толку е навикната да издржува што тоа ѝ станува втора природа, начин на живот за неа – наоѓа страдање дури и таму кадешто го нема. Добра девојка со години не купува ништо за себе, дури и она што ѝ треба. Таа навикнала на страдање како на нужност.
Да се имаат добри деца е многу убаво за возрасните. Добрите деца се како цвеќиња во саксии, поставени на прагови, пријатни за окото. Но, за живот, да се биде добар е, за жал, многу лошо. Тогаш долго и со голем напор треба да се ослободувате од таквата добрина.
Значи, подобро е девојчето да не биде толку покорно и послушно – ќе биде храбра, способна да се заземе за себе, да ги знае своите желби, потреби и граници. Нека се навикне да се проценува самата себеси, а не да се огледува во очите на другите.
Нека не биде толку добра. Нека биде среќна!
Фото: Pexels