Дали мајките и бебињата треба да спијат заедно?

Мајките уште од почетокот, од дамнешни времиња, спиеле покрај своите бебиња. Во многу земји, тоа е сè уште норма. Еве зошто.

0
186

Оваа приказна го носи и опишува искуството на родителите и истражувањата за споделувањето на креветот со бебињата.

Како и кај повеќето родители, заедничкото спиење започна од нужни причини. Повеќето жени откриваат дека го доведуваат своето бебе во кревет поради доење, а потоа само продолжуваат да спијат. Полесно и побезбедно е кога планирате да го споделувате креветот отколку да дојде до ова случајно. Сепак, ние бевме малку поразлични, пишува блогерката и мајка на три деца Елизабет Бродбент за Mother.ly.

Поради рефлукс и други здравствени проблеми, мојот син имаше проблеми со телесната тежина. Некој педијатар веројатно тоа би го нарекол „неуспех“. Затоа сакавме почесто да го доиме навечер, а спиењето покрај мене се чинеше како добар начин за тоа.

Успеале. Таа ги проучувала сите истражувања што се занимаваат со заедничкото спиење. Џејмс МекКена од лабораторијата Notre Dame Mother-Baby Sleep тврди дека споделувањето ист кревет е добро за бебињата затоа што го поттикнува она што навистина е важно во првата година од животот на детето: доењето.

Заедничкото спиење го поттикнува доењето

Доктор МекКена тврди дека бебињата „ќе цицаат почесто, со помалку нарушувања во сонот на мајката“ кога го делат креветот. Ова, вели тој, „исто така може да се претвори и во помалку болести и морбидитети“. Општо, колку повеќе бебето се дои, толку е поголема веројатноста дека ќе ги искористи придобивките од доењето, кои вклучуваат, според стручното списание Pediatrics, подобрување на развојните исходи, намалена инциденца и сериозност на многу заразни болести (вклучувајќи популации од средната класа во развиени земји), намалување на СИДС (синдром на ненадејна смрт) и помал ризик од дијабетес.

Секако, доењето е избор. Во суштина, колку поблиску спиете до вашето бебе, толку полесно е да го доите. Како и другите, МекКена вели: „Блискоста, се разбира,  прави поверојатна и подобра можност за повеќе интеракција помеѓу мајката и детето во текот на ноќта, вклучително и повеќе доење“. Мајката и детето ќе се приближат еден до друг, дури и во сон. Децата, како и мојот син, ќе научат да се ‘закачуваат’.

Спиењето е биолошки нормално

Бебето, вели МекКена, зависи од мајката. За новороденчињата, заедничкото спиење е „форма на очекувана физиолошка регулација и поддршка“. „Доенчињата бараат ваков контакт и блискост особено поради доењето, но исто така и поради незрелоста на нивните терморегулаторни, имунолошки и кардио-респираторни системи. Респираторниот систем на бебето не е целосно зрел при раѓањето и се чини дека е особено незрел за време на спиењето. Во основа, бебињата се биолошки се предодредени да спијат покрај мајката која ги дои, со која можат да ги синхронизираат дишењето, отчукувањата на срцето и многу повеќе.

Кој спие повеќе?

Родителите кои спијат заедно спијат повеќе отколку родителите кои не делат кревет. И кој не сака да спие повеќе? Семејствата кои спијат заедно го делат истиот ритам на спиење. Дали е безбедно заедничкото спиење? Една студија од 2014 година во списанието Pediatrics тврди дека 69% од децата кои починале од СИДС во тоа време делеле кревет. Сепак, истражувањето не го зема предвид „типот на површината“ за спиење; каучите и фотелјите се опасни за спиење на доенчињата. Дали имало перници и ќебиња околу детето? Пушењето, алкохолот, дрогата не се вклучени? Значи, додека студијата може веднаш да ги заплаши родителите кои делат кревет, во истражувањето има премногу дупки.

Едно британско истражување покажало дека споделувањето кревет сепак претставува ризик од СИДС и кога родителите не пушат, пијат или користат дроги. Но, повторно, истите проблеми постојат и во оваа студија. Безбедниот сон и местото за спиење прават клучна разлика во одредувањето на безбедноста при спиење. Заедничкото спиење е безбедно. МекКена и Гетлер велат дека доењето е заштитен фактор против СИДС, „безбедното споделување на креветот всушност може да има заштитен ефект против СИДС“. Еволуцијата не би фаворизирала практика што доведува до ненадејна и необјаснета смрт на доенчињата. Д-р Сеарс се согласува и забележува дека земјите со висок процент на заедничко спиење имаат најниски стапки на СИДС. Тој исто така вели дека „децата кои спијат близу до своите родители имаат постабилна температура, редовно чукање на срцето и помалку долги паузи при дишењето во споредба со бебињата кои спијат сами. Тоа значи дека бебето спие физиолошки побезбедно.

„Американската академија за педијатрија всушност препорачува заедничко спиење и се дефинира како старател кој спие во иста просторија со детето, иако на посебна „зона за спиење” од родителите.

Откриле дека тоа го намалува ризикот од СИДС. Тие продолжуваат да препорачуваат делење кревет, но, како што забележуваат МекКена и Гетлер, „епидемиолошките студии откриваат недоследни наоди дали, до кој степен или под кои услови споделувањето на креветот е постојан фактор на ризик за СИДС“.

Што е безбедна средина за спиење?

Џејмс МекКена детално опишува, на својата веб-страница, што треба да направите за да бидете безбедни заедно. Прво, душекот мора да се спушти на подот. Исто така, мора да се оддели од ѕидот. Родителите треба да се облекуваат топло, да користат што е можно помалку ќебиња и доколку ги користат, тие треба да бидат лесни и прозрачни, не тешки. Една перница по лице, а во креветот не смее да има играчки, кадифени мечиња и слично. Тој препорачува браќата и сестрите никогаш да не спијат покрај бебето. Дали заедничкото спиење е добро за вас? Што е најважно, спиењето заедно е безбедно. Сè додека семејството одржува безбедна средина за спиење.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]