Најголеми проблеми на децата им задаваат Јутјуб и игрите

Вработен во хрватска градинка предупредува: Короната не им задава на децата најмногу проблеми, туку тоа што гледаат премногу несоодветна содржина, ужасни хорор видеа и играат хорор игри

0
74

Воспитувачите во градинка најдобро ги знаат децата. Тие поминуваат една третина од денот со нив и имаат можност да препознаат во што се добри, кон што се склони, но и кои се нивните стравови и што им предизвикува проблеми.

Младен, вработен во хрватска градинка, го испратил своето сведоштво до здружението Сидро, кое ги обединува воспитувачите со цел заштита на правата на децата во градинка, во кое открива што им предизвикува најмногу проблеми на децата.

„Во оваа година, колку што работам во градинка, заклучив дека дури и короната и се што е поврзано со неа не е нешто што им создава најголем проблем на децата, туку Јутјуб и игрите“, напишал тој и го објаснил својот заклучок.

„Гледаат премногу несоодветна содржина, ужасни хорор видеа, играат хорор игри. Родителите не ги контролираат, а ним сето тоа им останува во главата, се плашат и имаат кошмари”.

Тој самиот имал можност да види како тоа се одразува на однесувањето на децата.

„Имав едно дете кое за два месеци едвај два дена спиеше заради несоодветна содржина. Се плашеше да остане сам во просторијата”, вели тој.

Ова ги натерало луѓето да размислат како да ги заштитат децата од таква содржина и дали во тие ситуации треба да реагираат надлежните служби.

„Ако родителите се предупредени и ништо не се промени, дали треба да се извести надлежниот центар за социјална заштита“, прашува едно лице.

„Децата денес се дигитално пописмени од нивните родители, па дури и од некои воспитувачи. Децата ги поместуваат границите за кои ние не сме свесни. Но, додека родителите живеат мислејќи си „остави го на лаптоп, ќе биде попаметен“, децата преживуваат ужаси заради несоодветна содржина. Стануваат зависници од рана возраст. Чест на исклучоците“, смета друг.

Дали вие надгледувате што прават вашите деца додека се на компјутер или на телефон?

Фото: Unsplash

[better-ads type='banner' banner='999' ]