Цистичната фиброза е опасна по живот наследна болест на егзокрините жлезди. Го нарушува нашиот респираторен систем, дигестивниот систем, репродуктивниот систем и влијае на потните жлезди. Болните мажи се генерално стерилни, додека на жените им е потешко да забременат. Бременоста е можна, но секогаш претставува дополнителен ризик за организмот.
Со продолжување на животот се зголемува опасноста од малигни заболувања т.е. тумор. Тоа е хронична болест која го „јаде“ организмот одвнатре.
Како изгледаат типичните знаци на оваа сложена болест низ годините, од новороденче до возрасен и како да се согледаат првите симптоми за што побрзо да се реагира и да се започне со терапија?
Симптоми во детството
Како прв симптом се наведува мекониум илеус, феномен кога детето не може да ја испушти првата столица, а како втор, продолжената неонатална жолтица. Покрај тоа, болното доенче јаде често и се однесува како да има грчеви во стомакот.
Екстремно солената пот на детето и зголеменото потење се исклучително карактеристични симптоми. Покрај зголемената тенденција за дехидрација и нарушување на електролитите што предизвикува нови симптоми како слабост, повраќање, болки во мускулите, во првите месеци можат да се појават симптомите на респираторниот систем како резултат на густа слуз.
Симптоми во училишна возраст
Дете на училишна возраст ќе јаде значително повеќе од врсниците, но без еднаков напредок во споредба со врсниците. Болните деца може да страдаат од надуеност, гасови и пообилна или помека столица, а често и абдоминална болка. Кашлицата е константна на оваа возраст, а често се забележуваат промени на рендгенот на белите дробови. Често во секретот се наоѓа бактеријата златен стафилокок (Staphylococcus aureus). И натаму е зголемена склоноста кон дехидрација и метаболички нарушувања за време на зголемена температура, за време на големи жештини или кај проливи.
Детето брзо се заморува, а ноктите се уште еден симптом. Имено, како знак на хронично намалено ткивно снабдување со кислород, се формираат прсти со поинаков облик (испакнати нокти и закривени како стаклото на часовник). Синузитисот е чест, присутна е хронична дијареа и неухранетост, а може да дојде и до затнување на дебелото црево.
Како што расте детето, симптомите на оваа болест се влошуваат.
Фото: Pexels