Дали им дозволувате на децата да гледаат Squid Game?

На страницата Mumsnet, кадешто родителите разговараат за децата, серијата Squid Game предизвика контроверзии, па додека некои тврдат дека таа не може да има добро влијание врз децата помлади од осум години, други им дозволуваат на нивните деца да ја гледаат. Што мислите вие за серијата?

0
477

Јужнокорејската серија Squid Game го полуде целиот свет. Сепак, иако е една од најпопуларните серии на Нетфликс некогаш објавени, таа е и една од најконтроверзните.
Во неа, стотици задолжени учесници се натпреваруваат за парична награда, додека минуваат низ шест задачи за преживување. Серијата се најде на удар на наставниците кои се загрижени дека децата би можеле да копираат некои предизвици. Имено, епизодите од оваа серија содржат многу насилни сцени во кои натпреварувачите кои губат, се убиваат.

И експертите се согласуваат дека тоа може да има штетни ефекти врз децата. Д-р Сандра Витли, која е социјален психолог специјализиран за родителство, вели дека оваа серија може да му наштети на социјалниот и емоционалниот развој на младите. Таа вели дека би можела да ги поттикне да се држат настрана кога ќе видат повреден врсник наместо да му помогнат.

На страницата Mumsnet, кадешто родителите разговараат за децата, серијата Squid Game предизвика контроверзии, па додека некои тврдат дека таа не може да има добро влијание врз децата помлади од осум години, други им дозволуваат на нивните деца да ја гледаат.

Фото: Јутјуб/скриншот

[better-ads type='banner' banner='999' ]