Мир во себе, мир во целиот свет

По повод Интернационалниот ден на јогата, здружението „Уметност на живеењето“ и уште неколку здруженија, организираат специјална програма која ќе се одвива на 26.јуни во градскиот парк во Скопје и на 27.јуни кај скејт паркот во Охрид.

0
148
Во 2014 година, Обединетите нации со поддршка на 175 земји, го прогласија 21 јуни за Меѓународен ден на јогата. Годинава, по седми пат, јогата го обедини целиот свет, сите земји и милиони луѓе без разлика на нивната боја, возраст, професија – со една мисла и цел, мир во себе, мир во целиот свет.
Во Македонија, одбележувањето ќе биде проследено со два настани, едниот ќе се случува во Скопје на 26 јуни со почеток во 15 часот, а вториот во Охрид на 27 јуни со почеток во 10 часот.
Интернационалниот ден на јогата во Македонија се одржува под покровителство на Индиската амбасада, a настаните ќе бидат исто така поддржани од повеќе јога друштва од Македонија, како и јавни личности и медиуми од Македонија.
„Оваа година, целта на овие настани е да се стави акцент на важноста на физичкото и менталното здравје на поединецот, како основна клетка за постоење на здраво општество. Јогата е единствен пат кој не води до тело без болка, ум без стрес и срце отворено за целиот свет“, велат од здружението „Уметност на живеење“, како едни од организаторите на настаните.
Инаку, двата настани ќе бидат збогатени со традиционални индиски закуски и музика.
„Колку сме повеќе, толку поубава енергија ќе рашириме низ етерот.
Земете си го својот јога мат и придружете ни се во брановите од позитивна енергија, безброј насмевки и топли срца“, порачуваат тие.
Програма за Скопје, сабота, 26 јуни 2021
Локација: Градски Парк, кај дискотеките (спроти игралиштето за домашни миленичиња)
15:00 Отворање на настанот
15:15 Поздравен говор на Индискиот амасадор, Неговата екселенција Санџаи Рана
15:30 Шри Шри Јога, Уметност на живеење
16:00 Медитација, Билјана Пешева, Healthy Yoga
16:30 Аштанга јога, Inside Yoga
17:00 Функционална јога, Михаела Алексовска
17:30 Јога нидра, Савица Петровска
18:00 Киртан јога, ИСКОН Македонија
Програма за Охрид, недела, 27 јуни 2021
Локација: Кај скејт паркот покрај езерото (кон плажата Куба Либре)
10:00 Отворање на настанот и поздравен говор на Индискиот амасадор, Неговата екселенција г. Санџаи Рана
10:30 Јога настан:
– јога асани,
– техники за дишење,
– медитација,
– релаксација
11:30 Јога лудории за деца (и сите што се чувствуваат како деца)
Фото: Unsplash
[better-ads type='banner' banner='999' ]