Мајка се обидела да го заспие детето возејќи се низ населбата, соседите сакале да повикаат полиција

Карина Мисен од Нов Зеланд сфатила дека може да го заспие своето двомесечно бебе возејќи го во автомобил, ама не се сетила дека е можно нејзиното вртење кругови низ населбата да ги загрижи соседите.

0
276

Многу нови родители од очај посегнуваат по сите достапни средства за да ги заспијат своите бебиња. 29-годишната Карина Мисен сфатила дека може да го заспие своето двомесечно бебе возејќи го во автомобил. Така, таа го ставила бебето во автомобилско седиште и вртела со автомобилот кругови во нејзината населба во Нов Зеланд. Ова предизвикало сомнеж кај соседите.

„Кога се обидувате да го заспиете детето, а вашата локална заедница ќе се загрижи“, напишала таа покрај видеото што го објави на „ТикТок“.

Имено, таа открила на Фејсбук дека луѓето забележале сомнителен автомобил и започнале да дискутираат што можат да направат.

„Овој автомобил кружи околу населбата. Седум пати помина покрај мојата куќа во последните десет минути. Дали треба да повикам полиција?“ прашало едно лице и објавило фотографија од автомобилот на Карина.

„Можеш да го земеш мобилниот телефон и да им покажеш на луѓето во автомобилот следниот пат кога ќе поминат дека ги снимаш“, ја советувал друг.

„Јавете се во полиција. Истиот автомобил го стори тоа вчера. Можеби би било добро да го запишете бројот од регистарската табличка. Полицијата ќе ги провери”, рекол трет.

Кога Карина сфатила дека ги загрижила соседите, напишала во коментарите.

„Извинете! Тоа сум јас. Моето двомесечно бебе успева да заспие во автомобилот”.

На крајот целата ситуација ги насмеала луѓето.

„Жал ми е што се сомневавме. Тешко е кога децата се мали, но ова е урнебесно”, “Хахаха! Мојот сопруг кружи со автомобилот на паркингот пред трговскиот центар додека јас сум на шопинг внатре. Многумина сомнително го гледаат“ коментирале луѓето откако Карина разјаснила за што станува збор.

@karina.missen

When you’re trying to get your baby to sleep and your local community group is worried your scoping the place out 🤦🏼‍♀️ #tellmeyoureamom #momlife

♬ original sound – Samantha Morgan

Фото: ТикТок

[better-ads type='banner' banner='999' ]