Мајка на осум момчиња го родила последното пред 5 месеци и пак е трудна

Мајка на осум момчиња открила дека е повторно бремена, иако нејзиното најмало дете има само пет месеци.

0
147

29-годишната Јалансија Росарио ги родила синовите Џамел (12), Мајкл Џуниор (9), Анџело (8), Џимани (6), Армани (3), Синчереа (1), Казе (5 месеци) и Армани кој го загубила во третото тромесечје од бременоста, а денес би имал шест години. Сега повторно е во слатко исчекување.

„Сè уште не го знаеме полот, но претпоставувам дека е момче, како и секогаш“, се пошегувала таа.

Нејзиниот термин е следната година.

„Отсекогаш сонував за големо семејство бидејќи пораснав како најстара од седум деца. Неколку деца зачнав и покрај контрацепцијата, а неколку од нив планиравме. Сега веќе не користам заштита“, истакнува таа.

Ја следат илјадници луѓе на ТикТок и Инстаграм, а понекогаш наидува на непријатни коментари.

„Луѓето мислат дека ги користам нивните пари, односно, ми велат дека е лесно да имаш деца ако живееш од додаток. Ме прашуваат дали сум слушнала за заштита и колку татковци имаат моите деца. Сè негативно го претворам во позитивно. Моја судбина е да бидам мајка. Мирна сум и мислам дека ништо не пропуштив бидејќи имам многу деца. Празниците ни се забавни, секое дете си е посебна личност, уживам да подготвувам храна и да се грижам за децата“, вели Јалансија.

Целото семејство станува околу 6 часот наутро, се подготвува за денот, појадува заедно, а потоа децата одат на училиште. Јалансија останува дома да се грижи за помалите деца, готви и чисти додека останатите не се вратат дома попладне.

„Пишуваме домашни задачи, вечераме заедно и играме семејни друштвени игри. Никогаш не зажалив што сум мега-мајка“, заклучила таа.

Фото: Инстаграм

[better-ads type='banner' banner='999' ]