Листови од зелка за воспалени и болни гради: Вистина или мит?

Можеби звучи како бабешки приказни, но многу научни студии покажале дека ставањето лисја од зелка на градите помага при потечени, преполнети гради. Ова функционира толку добро, што постојат упатства за користење зелка за да се избегне намалување на резервите на млеко

0
425

По породувањето, заради зголеменото производство на млеко, се јавува почетната полнота на градите. Ако доите на барање на детето и без ограничено времетраење на доењето, чувството на полност исчезнува. Меѓутоа, ако доењето е нередовно и градите не се испразнат, млечниот канал се блокира. Градите се отечени и болни, а кожата е затегната, сјајна и топла. Честопати може да се почувствуваат грутки под кожата, најчесто на едната дојка. Таквата дојка е знак дека бебето не се хранело доволно често и дека доењето било премногу кратко и неефикасно. Обично се јавува 3-6 дена по породувањето.

Листови од зелка: факт или фикција?

Можеби звучи како бабешки приказни, но многу научни студии покажале дека ставањето лисја од зелка на градите помага при потечени, преполнети гради. Ова функционира толку добро, што постојат упатства за користење зелка за да се избегне намалување на резервите на млеко.

Како да ги користите листовите од зелка?

За облоги се користат свежи внатрешни листови од главица зелка (црвената зелка ќе го стори истото, но може да ја извалка вашата кожа додека се загрева). Може да се користат разладени или на собна температура, во зависност од тоа што е поудобно за мајката.

Отстранете ги тврдите надворешни лисја, а потоа излупете два внатрешни листови зелка – тие треба да бидат во форма на чаша. Измијте ги лисјата и исушете ги. Од листовите отстранете ја тврдата средна жила и исечете дупка за брадавицата, потоа завиткајте ги околу градите и зацврстете ги со градник.

Држете ги лисјата околу 20 минути или додека не се загреат. Може да почне да ви истекува млеко лало што вашите гради стануваат помеки – ова е сосема нормално. Повторете 2-3 пати на ден користејќи свежи лисја секој пат.

Листовите од зелка не треба да се користат повеќе од вкупно 8 часа, што е приближно време во кое доаѓа до намалување на пренатрупаноста и чувство на олеснување. Веднаш штом отокот ќе се намали и преполнетоста ќе се намалат, компресиите треба да се прекинат.

И ова ќе помине

Отечените, преполнети гради се непријатни, но треба да помине за неколку дена. Тогаш ќе се воспостави рамнотежа помеѓу понудата и побарувачката. Иако ова најчесто се случува во првите денови на доењето, може да се случи во секое време. Затоа, обрнете посебно внимание на вашите гради кога доаѓа до промени во исхраната на вашето бебе или кога сте одлучиле да го прекинете доењето.

Ако вашите гради уште се болни, најдобро е да побарате совет од вашиот лекар.

Фото: Unsplash

[better-ads type='banner' banner='999' ]