Коe овошје треба да се јаде за време на бременоста и зошто?

Исхраната во бременоста мора да содржи здрави и хранливи намирници, а овошјето е богато со витамини и растителни влакна.

0
196

Кога сте бремени, важно е да се храните здраво. Исхраната во бременоста мора да содржи здрави и хранливи намирници за да ги задоволи дневните потреби. Но, што е со овошјето? Повеќето жени се загрижени околу тоа кое овошје треба да го јадат и дали егзотичното овошје и цитрусите е опасно да се јадат за време на бременоста. Дознајте кое овошје треба да го јадете и зошто.

1. Авокадо
Овошје богато со фолна киселина. За време на бременоста на жените им треба многу фолна киселина, затоа треба да го јадете ова овошје што е можно повеќе.

2. Манго
Мангото не само што е вкусно, туку е и здраво овошје. Тоа го подобрува нашето варење, а исто така содржи витамини А и Ц, кои се здрави за бремени жени.

3. Грозје
Многу жени сметаат дека не е безбедно да се јаде грозје за време на бременоста. Сепак, грозјето е богато со витамин А кој го стабилизира метаболизмот. Грозјето исто така содржи фолна киселина, калиум, фосфор, магнезиум и натриум, што е добро за време на бременоста.

4. Лимон
Лимонот често го користат жените за подобрување на варењето на храната, и за ублажување на гадењето за време на бременоста. Лимонот го чисти организмот и ги исфрла токсините.

5. Банани
Запекот е чест здравствен проблем за време на бременоста. За полесна столица и чистење на системот, јадете банани.

6. Зрнесто овошје
Бобинките се богати со антиоксиданти и се сметаат за суперхрана. Ова овошје можете да го вклучите во вашата исхрана за време на бременоста.

7. Портокали
Тие се слатки и кисели, совршен вкус за бремена жена. Покрај тоа, цитрусите се богати со витамини и хранливи материи.

8. Јаболка
Јаболката се здраво овошје, богато со сите здрави витамини кои се добри за организмот.

Фото: Unsplash

[better-ads type='banner' banner='999' ]