Која е најважната храна за развој на мозокот на бебето?

Според педијатрите, исхраната на детето во првите две години е апсолутно критична како за развојот на мозокот, така и за неговото идно здравје. Еве што сѐ му треба

0
409

Храната што ја јаде вашето бебе во првите две години од животот (и хранливите материи што ги прима за време на бременоста) имаат силно влијание врз неговото здравје и развој. Според Американската академија за педијатрија, постојат одредени хранливи материи кои се особено критични – и нивниот недостаток може да има доживотни последици. Овие хранливи материи вклучуваат железо, цинк, бакар, холин и витамин Д.

Исхраната на рана возраст не само што може да влијае на ризиците од развој на дебелина, висок крвен притисок и дијабетес во детството и зрелоста, туку првите две години се и најважниот период за развој на мозокот, вклучувајќи ги и подрачјата што ја контролираат меморијата, обработката, планирањето, и вниманието. Според Академијата, недоволното внесување на клучни хранливи материи може да доведе до дефицит во функцијата на мозокот што не може да се врати. Всушност, несоодветната исхрана во текот на првите две години е поврзана со понизок коефициент на интелигенција, проблеми во однесувањето и пониски училишни перформанси.

„Истражувањата во оваа област стануваат важни“, вели др. Сара Џејн Шварценберг, професорка по педијатрија на Универзитетот во Минесота и една од водечките автори на овој труд. „Ние навистина можеме да го подобриме здравјето на децата со тоа што долгорочно ќе обрнеме внимание на нивната исхрана. Многу новороденчиња постари од шест месеци не добиваат соодветни количини на цинк, железо и витамин Д. (формулата е зајакната) Затоа е важно да се биде сигурен дека бебињата ги добиваат овие хранливи материи преку цврста храна.

Овие хранливи материи се особено важни за раниот развој на мозокот, а еве и во кои намирници ги има:

Протеини: месо, живина, риба, јајца, јогурт, грав, житарки

Цинк: говедско, свинско, млеко, тофу, грав, путер од кикирики

Бакар: печурки, школки, цели зрна, грав, компир

Железо: говедско, пилешко, риба, збогатени житни култури, спанаќ, грав

Селен: туна, пилешко, збогатени тестенини, јајца, кафеав ориз

Холин: говедско месо, живина, јајца, бела риба, лосос, грав

Фолна киселина: спанаќ, сок од портокал, ориз, авокадо , леб од цели зрна

Јод: Бакалар, кујнска сол, млеко, ракчиња, јајце, конзервирана туна

Витамин А: Слатки компири, моркови, манго, јајца, млеко

Витамин Д: лосос, туна, млеко, сок

Витамин К: Спанаќ, кељ, брокула, грашок, боровинки

Витамин Б6: житарки, наут, банани, компири, путер од кикирики

Витамин Б12: житарки, лосос, млеко, говедско, јогурт, сирење

Полинезаситени масни киселини со долг ланец: риба, масло од репа, ленено семе, сончогледово масло

Запомнете дека млекото или “не-млечното” млеко не се препорачуваат како примарни напитоци за децата под една година. Држете се до мајчиното млеко или формулата, иако другите млечни производи како јогурт и сирење се во ред. Исто така, во ред е да користите малку млеко за готвење или за печење.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]