Колку чини породувањето во Америка? А кај нас?

Според Бизнис Инсајдер, просечната цена за раѓање бебе во САД, без никакви компликации за време на породувањето, е 10.808 американски долари. И, тој број може да се зголеми на 30.000 ако во сумата ги вклучите и трошоците за нега пред и по бременоста. Ако не сте се породиле во некоја од нашите државни болници, колку ве чинеше вашето породување?

0
422

Корисничка на ТикТок со профилот mslilyflowers открила дека таа дури сега, две години по раѓањето на нејзината ќерка, успеала да го отплати нејзиното раѓање. Охрабрена од сопственото искуство, таа побарала од другите мајки да откријат колку години имале нивните деца кога конечно успеале да ги платат сите болнички трошоци.

Наскоро, многу мајки започнале да споделуваат колку ги плаќале услугите за породување, а една мајка открила дека по предвременото раѓање на нејзиниот син ѝ била испратена сметка од речиси 3 милиони долари.

Друга мајка – која предвреме родила тројки, открила дека сметката надминува еден милион за секое бебе. За оние кои сметаат дека мајките претеруваат со бројките, многу вработени во болниците потврдиле дека сметките звучат точно.

Иако трошоците се многу поголеми за оние родители чии деца биле на одделот за неонатална интензивна нега, да се добие дете во Америка воопшто не е ефтино.

Некои мајки признале дека не успеале да ги платат сметките се додека нивните деца не започнале да одат во основно училиште. Дури и оние кои издвојуваат значителни износи за здравствено осигурување може да очекуваат да добијат големи количини сметки по породувањето. Значи, мајките претежно споменуваат износи од 5.000 до 15.000 долари.

Според Бизнис Инсајдер, просечната цена за раѓање бебе во САД, без никакви компликации за време на породувањето, е 10.808 американски долари. И, тој број може да се зголеми на 30.000 УСД ако во сумата ги вклучите и трошоците за нега пред и по бременоста.

Ако не сте се породиле во некоја од државните болници, колку ве чинеше вашето породување?

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]