Кога не треба да ги слушате вашите родители во зрели години?

Во зрелоста, кога можеби и самите сме родители, почнуваме да ги гледаме недостатоците на нашите родители и сфаќаме дека постои можност и тие да грешеле или дури и да го прават тоа токму сега - и затоа треба да се обидеме да го надминеме всаденото чувство дека тие се секогаш во право

0
306

Кога сме деца, родителите ни се сè на светот. Тие се волшебни високи суштества кои нè советуваат и не сакаат, кои ги знаат одговорите на сите наши прашања и кои можат да посегнат по сите оние недостижни работи на високите полици. Тие се мудри и секогаш полни со совети, и некако – ние веруваме дека тие навистина знаат подобро од нас. Сепак, како што растеме, разбираме дека нашите родители се луѓе од крв и месо, исто како и ние, и дека без оглед на нивната мудрост и искуство – тие сепак прават грешки. Во зрелоста, кога можеби и самите сме родители, почнуваме да ги гледаме недостатоците на нашите родители и сфаќаме дека постои можност и тие да грешеле или дури и да го прават тоа токму сега – и затоа треба да се обидеме да го надминеме всаденото чувство дека тие се секогаш во право. Се разбира, тоа не е случај во сите животни ситуации, но еве во кои е.

Кога не се грижат за своето здравје

Кога нашите родители ќе достигнат старост, и на нив ќе почнат да се појавуваат видливи знаци на стареење – време е да им посветиме дополнително внимание. Многу родители може да се однесуваат лекомислено кон своето здравје и нема да покажат доволно дека не се добро, ќе им биде непријатно или нема да сакаат да нè оптоваруваат. Можеби тие само ќе помислат дека она што не е добро за нив не е толку важно, бидејќи тие се веќе стари. Како и да е, фактот дека тие од добри намери се всушност себични и не се грижат за себе, не значи дека вие не се грижите за нив и не се потресувате за нивното здравје. Затоа, секогаш кажувајте им дека ви требаат да бидат здрави заради вас, затоа што сакате да бидат долго време со вас, и ако и тоа не ви помогне – не давајте им опција. Однесете ги на испитувањето што сте го закажале и не правете компромиси.

Кога ве држат во зона на лажна безбедност

Многу родители, со најдобри намери да бидете безбедни, всушност ја поддржуваат вашата стагнација. Под изговор дека времето е тешко и дека е подобро да се задржи таа работа или не е лесно да се најде добра личност, па затоа е подобро да останете со партнерот од кој не сте задоволни, тие од страв ве спречуваат да напредувате. Можеби тие некогаш и самите се плашеле и заради тоа подоцна се покајале, но сега несвесно ви го даваат истиот совет. Ако се чувствувате незадоволни, кажете им го тоа и кажете им дека ви е потребна нивна поддршка за вашата промена, а не совет да не го прават тоа.

Кога ви се мешаат во бракот

Не можеме да кажеме дека за нас не е важно родителите на некој начин да го „одобрат“ нашиот избран партнер, секако доколку нашиот однос со нашите родители е добар и го цениме нивното искрено мислење. Сепак, родителите се родители, а бракот е брак, и вие би требало сами да си ја кроите вашата заедничка судбина. Вашиот брак нема да биде ист со бракот на вашите родители, ниту треба – и не е нивна работа да ви даваат совети и да поттикнуваат непотребни дискусии затоа што мислат дека вие и вашиот партнер ги правите работите на погрешен начин. Можете и мора да разговарате со вашите родители за ова веднаш штом стапите во брак, за да спречите идни проблеми уште на почетокот.

Кога веруваат во теории на заговор

Многу од нашите родители во старите денови се чини дека по малку „губат разум“. Со доаѓањето на интернет, тие одеднаш добија пристап до голема количина нефилтрирана содржина што не знаат да ја филтрираат и со тоа лесно можат да станат жртви на лажни вести и теории на заговор. Ако забележите дека ова се случува, обидете се веднаш да им ги отворите очите и да ги средите нивните пребарувања на интернет.

Кога се останати во идеалите од минатото

За жал, ова е нешто што се случува многу често, можеби особенона нашето балканско поднебје. Нашите родители ги бараат истите идеали од минатото во денешната политика. Сепак, сегашноста е далеку поразлична од минатото, а иднината ќе биде нешто сосема ново и затоа – нема место за идеали од времето кое никогаш нема да се повтори.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]