Кина забрани испити за деца од 6 и 7 години

Кон крајот на јули, кинеската влада најавила и реформа на приватниот образовен сектор, па на образовните институти им е забрането да ги подучуваат учениците за време на викендите

0
55

Кина ги забранува испитите за учениците на возраст од 6 и 7 години, објавило кинеското министерство за образование. Промената се воведува во согласност со напорот за спречување на прекумерен стрес кај учениците.

Според новите правила, дури и повозрасните ученици во основните училишта би требало да полагаат испити само на крајот од учебната година. Кина неодамна претстави цела низа на правила со која се растоваруваат учениците. Донесена е одлука учениците да имаат помалку задачи. Наместо седење над задачите, би требало да можат повеќе да се занимаваат со спорт.

Кон крајот на јули Владата, исто така, најавила реформа во приватниот образовен сектор. На институтите за образование им е забрането да ги подучуваат учениците за време на викендите. Приватното образование за деца помали од 6 години ќе се укине. Кинеските државни медиуми коментирале дека ова е чекор кон обезбедување поправеден образовен систем. Досега учениците чии родители не можеле да платат дополнителни скапи часови за подучување биле во понеповолна положба од оние што можеле да си го дозволат тоа.

Фото: Pixabay

[better-ads type='banner' banner='999' ]