Како може да изгледа одвикнувањето на децата од мобилни, лаптопи и ТВ екрани

Она што почнува како детоксикација од 30 дена, станува начин на живот. Престанувањето може да биде шокатно едноставно и изненадувачки одржливо. Дали би пробале?

0
304

Мајката, писателка и блогерка Моли ДеФранк открила од прва рака дека ограничувањето на времето кои го поминуваат нејзините деца залепени за екраните на мобилните телефони, телевизорот и компјутерот носат позитивни промени во навиките.

Таа објавила на социјалните мрежи фотографија од своето семејство кое во саботните утра чита книги во кревет.

Моите деца сакаат да гледаат во екраните од мобилните телефони, ТВ екраните или лаптопите, но тие екрани не ги сакаат моите деца. Излегува дека токму тие екрани ги прават моите деца мрзоволни и расеани. А тоа не е она што го сакам за своите деца“, напишала ДеФранк на Инстаграм профилот.

Моли објаснила како дошло до тоа.

Еден ден кога си дојдов дома од работа, моето дете ме дочека на врата и прво што ме праша беше дали може да си игра на мојот телефон. Реков не. Тоа беше капка која ја прелеа чашата“, објаснува таа.

Заедно со сопругот одлучиле да им забранат на децата гледање во екраните.

Им рековме на децата дека гледањето во екрани повеќе не е опција во нашиот дом. Откако престанаа плачењето, шмркањето и чкрипењето со заби, сите продолживме понатаму.

Она што почна како детоксикација од 30 дена, стана начин на живот во нашата куќа.

Престанувањето беше шокатно едноставно, ненадејно одржливо, а мојата деветгодишна ќерка во неколку наврати ми кажа дека е среќна што им го забранивме тоа“, изјавила Моли.

Некои од предностите на ограничувањето на гледањето во екраните, вклучува поголема креативност, развивање на фантазијата, будење на љубопитност, подобар сон, повеќе среќа и подобар став.

Фото: Инстаграм

[better-ads type='banner' banner='999' ]