И мажите се на мета: Повеќе од пола татковци тврдат дека доживеале критики

Мажите не се имуни на критиките од останатите за начинот на родителствување, а најголемото изненадување е дека најмногу ги критикуваат мајките.

0
94

Засрамувањето на мајките е веќе добро документирано. Мајките се често на мета поради доење во јавност или затоа што не го дојат детето, поради изгледот, килограмите од бременоста и тн. Меѓутоа, критики им се упатуваат и на новопечените татковци.
Една детска болница во Америка (Charles Stewart Mott) спровела анкета и ги прашала татковците кои имаат деца до 13 години старост за нивната перцепција на критиките кои ги добиваат на сметка на родителството.

Дури 52 отсто од испитаниците потврдиле дека биле на мета на другите поради своето однесување откако станале родители. Уште поголемо изненадување е тоа што критиките не доаѓаат од туѓинци, туку од страна на мајките.

Тоа, вели авторката на студијата Сара Кларк, има смисол затоа што можност за критика се јавува кога сме секојдневно во нечија близина. Но на татковците посебно влијаат затоа што „го разнишуваат концептот на родители како тим кој работи заедно“, рекла за Parents.com.

Повеќе од четвртина од татковците во анкетата додале дека поради критиките имаат пониска самодоверба и се чувствуваат помалку вклучени како родители.

Други најголеми извори на критика се бабите и дедовците на детето, пријателите на таткото, непознати лица на јавни места и професионалци како што се учителите и лекарите.

Две најчести причини се начинот на кој татковците ги дисциплинираат децата, како и тоа со што ги хранат. Татковците најмногу слушаат за тоа како не обрнуваат доволно внимание на своите потомци или се премногу груби со нив.

„Тоа рефлектира поинакви стилови на родителство помеѓу мајките и татковците. Но, различното не е нужно и лошо. Напротив. Децата имаат бенефити поради различните начини на родителство и интеракцијата“, додава Кларк.

Интересно е дека во претходното истражување на жените тие исто така навеле дека дисциплината и исхраната се два најлести извори на критики и предрасуди.
Добра вест е тоа што татковците најчесто позитивно реагираат на критиките.
„Голем број објасниле дека побарале информација или го смениле однесувањето поради забележките на нивна сметка. Тоа е многу позитивно“, додала таа.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]