Истражување: Татковците им даваат на децата понездрава храна од мајките

Новото истражување открило дека татковците многу почесто им нудат на децата нездрава храна што значи дека мајките се сѐ уште задолжени за приготвување на оброците во повеќето домови.

0
74

Можеби најмалку изненадувачка вест оваа недела се резултатите од новото истражување кои велат дека е поверојатно дека татковците ги хранат децата со нездрава храна отколку мајките.

Истражувањето е објавено во списанието Science Direct, a проучувало повеќе од 100 семејства во Сан Франциско. Речиси сите семејства откриле дека прехранбените навики на мајките се поздрави отколку на татковците.

Авторката на истражувањето Прија Филдинг-Синг признава дека не била изненадена од целокупните резултати на истражувањето, кои помеѓу останатото покажале и дека татковците работат помалку домашни работи од мајките.

Мајките ја преземаат сета грижа околу приготвувањето на храната.

Таа објаснила дека се мајките под стрес кога татковците водат грижа за храната затоа што знаат дека оброците нема да бидат квалитетни и здрави па затоа се продолжува маѓепсаниот круг во кој мајките ја преземаат сета грижа околу приготвувањето на храната.

„Иако се некои мајки несреќни поради тоа, неколку од нив рекле дека би можела да постои алтернатива, а повеќето мајки истакнале дека е тоа едноставно така и дека со тоа треба да се помират“, додала авторката на истражувањето.

Исто така, додала дека исхраната е нешто што традиционално им останало на мајките, додека татковците и денес. „Едноставно не ја гледаат здравата храна како нешто што е нивна одговорност кога станува збор за децата“.

И иако времињата се смениле, сѐ повеќе татковци остануваат дома, земаат породилни отсуства и учествуваат во домашните работи, се чини дека сѐ уште постои доста нееднаквост кога станува збор за партнерските односи и воспитувањето и грижата за децата.

Дали резултатите од ова истражување важат и во вашиот дом?

Фото: Freepik

[better-ads type='banner' banner='999' ]