Истражувањата откриваат какво е влијанието на татковците врз ќерките

Многу се зборува за влијанието на мајките врз среќата на детето, но не би требало да се занемари и улогата на татковците во одгледувањето на децата. Новата студија истакнува дека присутноста на таткото е витална во животот на ќерките.

0
173

Smart Parenting пренесува студија која покажала дека девојчињата кои имале блиски односи со татковците имаат тенденција да бидат помалку осамени. „Откривме дека блискоста со татковците им помага на ќерките побрзо да ја совладаат осаменоста“, рекол Хин Фенг, коавтор на студијата и вонреден професор по хуманистички науки на Државниот универзитет Охајо.

Совладувањето на осаменоста значи делотворно управување со емоциите и движење низ подемите и падовите во животот. Обрнувањето внимание на емоциите на детето, особено кога е тажно и помагајќи им да се справат со нив, им овозможува да научат подоцна како тоа да го прават самостојно.

Стдујата објавена во интернет изданието на списанието Journal of Family Psychology испитала 695 семејства. Мајките и татковците биле замолени да ја оценат блискоста на својот однос со детето кога детето било на возраст помеѓу прв и петто одделение. Децата биле замолени да ја оценат својата осаменост кога биле прво, трето или петто одделение. Истражувачите откриле дека блискоста на родителите и децата се намалува во текот на сепарацискиот период. Во текот на тие години, децата стануваат понезависни и нивниот фокус е на развојот на пријателствата и поминувањето повеќе време со своите врсници надвор од домот.

Колку што децата се чувствувале попријатно со своите социјални вештини, нивоата на осаменост се намалувале. Но не ја совладале осаменоста сите деца со еднаква брзина. Студијата покажала дека ќерките кои имаат блиски односи со татковците поминале многу подобро.

Но, тоа не значи дека односот на ќерките и мајките немал влијание или дека не е важен кога станува збор за факторот осаменост. Џулиа Јан, главната авторка на студијата и докторантка на хуманистички науки во државата Охајо, истакнува дека односот со мајката е поголем извор на стабилност за секојдневните обврски.

Тоа не е прва студија која ја нагласува улогата на татковците  и тоа како нивната присутност влијае на нивните ќерки. Девојките кои имаат стабилни врски со татковците се ментално посилни и развиваат поздрави односи. Татковците се исто така влијателни и во помошта нивните ќерки да развијат позитивна слика за себе.

Синовите и ќерките имаат доста корист од тоа што имаат добри односи со своите татковци.

„Татковците имаат повеќе слобода во комуникацијата со своите деца, можат да стават предизвици пред нив и да создадат широк спектар од емоционални контакти“, рекол Фенг.

Изградбата на односот со ќерките почнува во периодот на предучилишна возраст и порано, но ако таткото во раните години од развојот го пропуштил развојот на своето дете, никогаш не е доцна за почеток.

Фото: Pixabey

 

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]