Зошто вашите деца мразат брокула? Австралиските научници даваат објаснување

Хранењето на децата честопати е борба. Тие прават хаос, сакаат да си играат и ги игнорираат вашите упатства. Се трудите да изедат барем нешто, а кога станува збор за некои групи на намирници, повеќето деца ја вртат главата.

0
135

Повеќето деца имаат проблем со јадењето на одредени намирници. Проблемите се вообичаени со зеленчук како брокула, кељ и прокељ. Ако некогаш сте се запрашале зошто е тоа така, можно е причината да лежи таму каде што никогаш не би ја барале.

Ензими во усната празнина

Постојат соединенија во устите на децата што можат да бидат виновник за одбивноста кон оваа здрава храна. Ензимите на кои делува овој зеленчук реагираат со бактерии во устата и со нив формираат непријатни сулфурни мириси и вкусови, велат експертите. Иако возрасните исто така ги имаат овие ензими во усната празнина, нивната реакција генерално не е иста. Она што исто така е откриено е дека нивото на овие ензими кај возрасните може да варира, додека кај малите деца варира незначително.

Текот на истражувањето

Д -р Демијан Френк и неговите колеги од Научната и индустриска истражувачка организација (ЦСИРО) во Канбера го истражувале овој феномен. Во студијата одобрена од Американското хемиско друштво, др. Френк тврди дека сигурно постои разлика во вкусот што го чувствуваат децата од оној што го чувствуваат возрасните.

На пример, децата претпочитаат слатки вкусови, а горчливите вкусови им се многу одвратни. Користејќи техника наречена „хроматографска олфактометриска спектрометрија на маса“, тие ги идентификувале главните соединенија одговорни за мирисот на брокулата, прокељот и кељот варени во вода или на пареа.

На примерок од 98 двојки на родители и деца на возраст меѓу шест и осум години ги тестирале нивните реакции на различни видови вкусови и мириси од таа група зеленчук. Диметил трисулфид и сулфур биле најомразени и од големите и од малите. Потоа измешале примероци од плунка со примерок од зеленчук и ги анализирале соединенијата што испарувале со текот на времето.

Резултати

Оние деца чија комбинација од плунка и примерок од зеленчук испуштале најголеми количини на сулфурна пареа реагирале најлошо кога јаделе ваков вид зеленчук. Истата ситуација не била забележана кај возрасните, што се објаснува со навиката за такви вкусови заради долгогодишната консумација.

Препорачливо е да ги насочите децата да пробаат нови вкусови и на крајот да научат да ја сакаат оваа и слична храна, бидејќи се добри за нивното здравје, но таквите резултати ни помагаат подобро да ги разбереме и отфрлањето на храната и да не го припишуваме само на нивната каприциозност и непослушност.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]