За децата што одат во градинка е нормално (и корисно) да бидат болни седум пати годишно

Не е важно дали станува збор за градинка, предучилишна или игротека - се чини дека децата ги собираат сите вируси и бактерии каде и да се најдат. За родителите кои се борат со чести настинки и кашлање кај децата, секоја покана за игра може да изгледа како покана за нова инфекција.

0
400

Истражувањата покажуваат дека децата кои посетуваат градинка имаат пет до седум инфекции на горниот респираторен тракт (настинки, течење на носот, кашлање) предизвикани од вообичаени вируси секоја година. Овие инфекции најчесто се јавуваат помеѓу септември и мај.

„Инфекциите се јавуваат кај нормални, здрави деца со нормален имунолошки систем во просек секој или секој втор месец во годината“, пишува д -р Ли Гросман за Motherly.

За тоа не се виновни родителите, како ни градинките и училиштата.

„Тоа е сосема нормална појава. Да, застрашувачки е родителите постојано да се борат со кашлица, течење на носот, затнат нос, температура или други симптоми што доаѓаат со болеста. Тоа е закана и за возрасните да се разболат од истите овие бактерии. Сепак, овие инфекции се нормален дел од јакнењето на имунитетот, а ние возрасните ги имаме поретко, бидејќи каако деца сме воспоставиле силна имунолошка функција“, вели д -р Гросман.

Повеќето од овие примарно вирусни инфекции се лесни и не се опасни по живот. Ако детето има температура, посериозни респираторни проблеми или е премногу болно за нормални активности, треба да се консултирате со педијатар за методите на лекување.

„Некои од овие благи вирусни инфекции можат да претходат на инфекција на увото, пневмонија, па дури и инфекција на крвотокот. Меѓутоа, овие секундарни бактериски инфекции после вирусна болест не се чести. Вообичаено е детето да има настинка што би требало да исчезне, но ако симптомите траат повеќе од седум до десет дена, а родителот забележи пораст на температурата, отежнато дишење, повраќање, зголемена непријатност, болка или други симптоми, треба да отиде кај педијатар за точна дијагноза. Можно е на детето да му требаат антибиотици за лекување“, рекол докторот.

Добрата вест е дека секое од вирусните заболувања на децата е еден вид „вакцина“ за вашето дете и дополнително го штити од микробите што се неизбежни.

„Како што децата стареат, нивниот имунолошки систем станува поразвиен и имаме помалку вирусни заболувања. Сите сме го преживеале тоа, па ќе преживеат и тие“, заклучува д -р Гросман.

Фото: Freepik

[better-ads type='banner' banner='999' ]