Едноставен трик кој ги смирува бебињата и помага при грчеви (ВИДЕО)

„Она што често го гледаме е како луѓето го галат стомачето на своето бебе, но тоа нема апсолутно никакво влијание. Она што сакате да го направите е да создадете движење“, објаснува Луси Рос-Браун, детски остеопат

0
196

Во своето видео на ТикТок, Луси Рос-Браун, детски остеопат, која раководи со клиника во Ферндаун, презентирала едноставни движења што можете да ги користите за да ја спречите непријатноста што ја доживуваат новороденчињата поради неразвиеното варење.

„Она што често го гледаме е како луѓето го галат стомачето на своето бебе, но тоа нема апсолутно никакво влијание. Она што сакате да го направите е да создадете движење”, објаснила таа.

Рос-Браун покажала како треба да изгледа правилната масажа на стомакот на бебето.
„Ако стомакот не се движи, млекото може да му легне тешко на желудникот и да се движи премногу бавно низ дигестивниот тракт. А потоа може да ферментира и да создаде гасови во стомакот и тоа е тогаш болно“, додава таа.

 

@enchantednanny

#newbornhack #colic #newparents #firsttimemom #babyosteopath #newborn #tagafriend

♬ original sound – The Enchanted Nanny

Фото: Unsplash

[better-ads type='banner' banner='999' ]