Детето ги имитира своите родители во сè, особено во првите години од животот. За да биде ментално силно, такви мора да бидат и самите родители.
Менталната сила е она што им помага на децата да научат да се справат со неуспесите на вистински начин. Им дава сила да продолжат понатаму, дури и во најтешките моменти.
Тоа не значи дека никогаш нема да ги покажете своите емоции, но некои правила сè уште постојат. Добриот родител никогаш нема да ги направи овие работи:
1. Да се однесува како жртва
Одбивањето, неуспехот и неправдата се дел од животот и децата мора да го научат тоа. Добриот родител никогаш нема да ја бара причината за неуспехот во некој друг и да се сожалува себеси.
2. Премногу да ги задоволува децата
Ако се обидете да ги исполните сите нивни желби и да создадете сè што тие замислуваат, децата ќе пораснат верувајќи дека токму така треба секој да се однесува кон нив. Тоа убедување ќе ги чини скапо кога ќе се соочат со светот и кога малку ќе пораснат. Бидете умерени во тој поглед, за нивно добро.
3. Да дозволи стравот да му ги диктира изборите
Децата не треба да се чуваат под стаклено ѕвонче. Покажете им дека најдобриот начин да го надминат стравот е да се соочат со него. На тој начин, ќе воспитате храбри луѓе кои се подготвени да излезат од својата зона на удобност.
4. Ги штити децата од обврски
Родителите сакаат нивните деца да имаат безгрижно детство, но тоа не значи дека не треба да им се доделуваат некои обврски. Децата мораат да извршуваат домашни работи и други обврски што одговараат на нивната возраст, затоа што на тој начин ќе научат да бидат одговорни, па полесно ќе се справуваат со обврските на училиште, а подоцна и на работа.
5. Да ги крие лошите работи од децата
Тагата и поразот се дел од животот, па оставете ги децата да ги доживеат и тие болни чувства. И тоа е начин да се развие менталната сила што ќе им биде потребна во текот на целиот живот.
6. Се чувствува одговорен за емоциите на своите деца
Да ги развеселувате децата кога се тажни и да ги смирит кога се вознемирени значи дека вие ја преземате одговорност за регулирање на нивните чувства. Децата треба да стекнат емоционална компетентност за да можат да научат да управуваат со сопствените емоции.
7. Ги спречува децата да прават грешки
Со поправање на нивните задачи по математика, двојни проверки за тоа дали го спакувале ручекот и постојано потсетување да си ја завршат домашната работа, нема да им направите ни најмала услуга. Дозволете им на децата понекогаш да згрешат и покажете им како да учат од своите грешки. Тоа е начин детето да стане помудро и да се зајакне ментално.
8. Да ја меша дисциплината со казната
Казната не е добра. Од друга страна, дисциплината е одлична за да го научите детето да стане психички силно. Дисциплината го учи да носи подобри одлуки во иднина, додека казната само ќе предизвика револт. Со детето мора да се разговара.
Фото: Unsplash