Децата на одмор играат Squid Game и ги удираат тие што губат

Откако серијата Squid Game неодамна се најде на ударот на критиката од наставниците во Велика Британија, кои забележале дека некои од учениците кои ја гледаа серијата се преправаат дека пукаат едни во други на училишните игралишта, апел до родителите и старателите испрати и едно основно училиште во Флорида.

0
453

Децата низ Соединетите држави започнаа да ја играат својата верзија на „Squid Game“ за време на одморите и притоа изрекуваат ужасно насилни казни инспирирани од серијата.

Илеа Ферклот, директорка на основното училиште „Хиланд Парк“ во Панама Сити, Флорида, за Фокс њуз изјавила дека учениците се тепаат меѓусебно за да го рекреираат делот за елиминација прикажан во серијата.

Тој посочува дека се забележани повеќе проблеми, како на пример дека постојат онлајн видеа во кои децата копираат ликови од серијата, а родителите можеби не се свесни за тоа.

„Во моментов постои популарната серија „Squid Game“ на Нетфликс за која сите можеме да се согласиме дека не е погодна за мали деца. Иако родителите мислат дека нивните деца не се изложени на серијата, оваа недела ни стана јасно дека неколку платформи за споделување на видеа ја прават содржината достапна за децата. без знаење на родителите“, напишало училиштето на Фејсбук.
„Затоа некои деца се обидуваат да ги повторат сцените на училиште, но она што звучи безопасно не е баш така, бидејќи играта во серијата вклучува „елиминација“ (смрт) и гледаме деца како се обидуваат да се повредат“, додаваат тие.

Родителите се повикуваат да бидат свесни за содржината до која пристапуваат нивните деца на Интернет и да разговараат со децата зошто не можат да играат насилни игри.

„Ќерка ми ми кажа дека играат Squid Game на одмор“, „Син ми ми кажа дека неговите другари ја осмислиле Squid Game и дека се играла на училишното игралиште“, „Не гледам зошто хистерија? Па, сите сме ги играле тие детски игри“, коментираат некои родители на оваа тема.

Squid Game е јужнокорејска серија за преживување, која стана една од најгледаните серии на Нетфликс досега. Се фокусира на 456 ликови кои се задолжени и се натпреваруваат во серија од детски игри со надеж дека ќе освојат парична награда од речиси 40 милиони американски долари, но цената на загубата е моментална смрт.

Фото: Јутјуб/скриншот

[better-ads type='banner' banner='999' ]