Детето чија фотографија пред 3 години го расплака светот, го победи ракот (ВИДЕО)

На Бекет Бург во 2018 година му била дијагностицирана акутна лимфобластна леукемија. Една година подоцна, неговата мајка, на социјалните мрежи сподели фотографија која го обиколи и го растажи светот. Сега објави убава вест: Бекет го победил ракот

0
819

Пред две години, една мајка објави фотографија на која многумина буквално физички почувствуваа болка и неизмерна тага. Тоа беше фотографија на која сестрата го придружува своето помало братче кое после хемотерапијата се бори со мачнини над тоалетната шолја.

Бекет Бург добил висока температура на 23 април 2018 година. Лекарите рекле дека станува збор за инфекција на увото и им препишале антибиотици, но родителите се вратиле во ургентниот центар следниот ден бидејќи не можеле да му ја симнат температурата, која само растела. Биле извршени нови тестови кои откриле тешка дијагноза – акутна лимфобластна леукемија.

Една година подоцна, неговата мајка Кејтлин „го замрзна“ во времето моментот кога нејзината тогаш петгодишна ќерка Обри го теши својот една година помлад брат додека повраќа над тоалетната шолја по хемотерапија.

„Некому ова ќе му биде мачно ова да го чита и гледа. Моите две деца со разлика од само 15 месеци, од заедничко играње во градинка дојдоа до заеднично седење во болничката студена соба.

Мојата ќерка тогаш гледаше како братчето го селат од итна на интензивна нега. Гледаше десетици пациенти како ги бодат со игли и сонди и ги пумпаат со лекови.

Не беше сигурна што се случува, само знаеше дека нешто не е во ред со нејзиниот брат, нејзиниот најдобар пријател“, напиша мајката.

Но, долгата битка беше победоносна. Бекет кој повеќе од половина од својот живот се бореше против ракот ја издржа последната тура од хемотерапијата, а последните испитувања покажаа дека ракот е готов.

Мој војник мој победник. Влезе неговиот онколог и рече „Нема повеќе хемотерапии – готови сме. Се откачивме од болеста. Бекет беше шокиран. Лицето му блесна, колку беше тоа горчливо сладок момент“, сподели мајката.

Кејтлин сега објави дека Бекет се вратил на училиште откако минатата недела заѕвонил на ѕвончето на онкологија по последната негова хемотерапија.

Мајката истакнува дека нејзината ќерка имала големо влијание врз нејзиниот брат и му помогнала да ја надмине оваа болест.

[better-ads type='banner' banner='999' ]