Дали сте слушнале за лекарот кој легнува на операциската маса со уплашените деца-пациенти?

Турскиот педијатар Ербуг Кескин веќе со години се фотографира со своите мали пациенти пред операцијата за да им помогне да го совладаат стравот

0
592

Педијатарот д-р Ербуг Кескин од Турција ги ублажува стравовите на своите мали пациенти пред операција на многу симпатичен начин. Овој посветен здравствен работник со години практикувал фотографирање со децата пред нивната операција, со цел да им го ублажи стравот.

Едно од тие момчиња, чиј живот го спасил доктор Ербуг, се фотографирал со овој лекар скоро 10 години подоцна, и заедно со таа фотографија, ја постирал и онаа од операциската маса, кога бил мало момче.

Со години, ова момче го посетува д-р Ербург и вели дека тој е многу посветен здравствен работник, кој му оставил убави траги во сеќавањата и на кој сега му го должи своето здравје како возрасен.

Докторот дипломирал на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Истанбул. Специјализацијата ја започнал на „Клиниката за општа хирургија на Медицинскиот факултет“, а специјализацијата ја завршил во детската хирургија.

Тој исто така бил член и на Комисијата за спречување на злоупотреба на деца, а од март 2010 година работи на Клиниката за детска хирургија на Медицинскиот факултет во Истанбул, и оттогаш често практикува фотографирање со деца кои се исплашени пред операцијата.

Фото: Фејсбук

[better-ads type='banner' banner='999' ]