Дали навистина мажите не го слушаат ноќе плачењето на бебето?

Жените имаат развиен инстинкт заради кој реагираат силно на бебешкиот плач, дури и ако не се мајки!

0
82

Многу исцрпени мајки се сомневаат дека нивните партнери се преправаат дека спијат додека детето плаче среде ноќ. Сепак, истражувањето покажало дека мажите спијат навистина цврсто.

Мажите не ги слушаат звуците што ги испуштаат бебињата, но ги слушаат звуците на автомобили, ветер и здодевни муви. Научниците ја измериле мозочната активност за време на спиењето кај мажите и кај жените и откриле дека постои значителна разлика помеѓу половите. Додека звукот на бебето што плаче е прв на списокот со звуци што ќе ја разбудат жената, кај мажите тој не е ниту меѓу првите десет.

Жените имаат развиен мајчински инстинкт заради кој силно реагираат на плачењето на детето, дури и ако тие самите не се мајки. Исто така, откриено е дека на жените им е потешко да заспијат повторно по прекинатиот сон отколку на мажите.

„Ништо не ги прави луѓето толку депресивни како прекинатиот сон, особено кога тоа се случува неколку ноќи по ред. Затоа жените кои имаат мали бебиња можат да бидат во навистина лоша состојба, што не може да се каже за нивните сопрузи“, објаснил психологот Дејвид Луиз.

Фото: Pexels/Pixabay

[better-ads type='banner' banner='999' ]