Дали менструалната чашка може да помогне да забремените побрзо?

Кога ќе одлучите да имате дете со партнерот, веројатно ќе бидете подготвени да испробате различни методи за да останете бремени, а една од методите што се во тред е и менструалната чашка.

0
316

Ако веќе активно „работите на бебе“, а сè уште нема позитивен резултат на тестот за бременост, вашиот партнер и вие веројатно ќе бидете отворени да пробате разни стратегии, без разлика дали се од медицинската литература или од ‘бапските’ приказни.

Се разбира, сигурно сте слушнале за ставање на стапалата во воздух или за конзумирање храна што ја зголемува плодноста, а еден од најновите трендовски трикови е дека може да помогне чашката за менструација.

За оние кои не знаат што е чашка за менструација, тоа е еколошка замена за тампоните и влошките што станува сè попопуларна секој ден.

Гинекологот др. Шери Рос го потврдила фактот дека многу парови користат менструални чаши со цел побрзо да забременат, но и за да избегнат скапи третмани за плодност.

„Веднаш по односот жените ја ставаат менструалната чашка во вагината за да обезбедат сперматозоидите да останат на место, близу влезот на матката“, објаснила др. Рос за Parents.

„Паровите кои одат на асистирана репродукција исто така можат да го користат овој метод“, вели др. Рос.

Може ли менструалната чашка навистина да ви помогне да забремените?

Таа дефинитивно би можела да помогне, вели др. Рос. „Постојат милиони пливачки сперматозоиди во секоја ејакулација. Менструалната чашка полна со сперматозоиди им овозможува на сперматозоидите да се движат само во една насока, а тоа е кон јајце клетката. Цервикалната слуз помага спермата да се пробие на грлото на матката и матката и на крајот да влезе во јајцеводот кадешто се оплодува јајце клетката. За да се овозможи оплодување потребно е во јајце клетката да навлезе само еден сперматозоид. Откако јајце клетката ќе се оплоди, клетките продолжуваат да се делат создавајќи ембрион кој на крајот патува до матката кадешто се случува имплантација“, објаснила д-р Рос.

Таа исто така посочува дека одржувањето на спермата близу до грлото на матката и подолгиот продор во матката може да ги зголемат шансите за зачнување.

„Здравата сперма живее три дена“, објаснува др. Рос. „Колку подолго останува спермата на грлото и на влезот во матката, толку е поголема веројатноста да влезе во јајцеводот и да ја оплоди јајце клетката. Бидејќи не постојат соодветни упатства за употреба на менструалната чаша за да се задржи спермата на грлото на матката, предлагам да ја ставите чашата до кадешто е најсигурно и да ги следите упатствата, а тоа е максимално носење од 12 часа.

Сепак, постојат и негативни страни

Гинекологот и експерт за неплодност, д-р Даниела А.Скора вели дека користењето чаша во овој период може да го промени вагиналниот PH, што може да доведе до инфекција, но и развој на бактерии. Сепак, многу мајки тврдат дека овој метод им помогнал, а една од нив е и Џулија Денисон од Њујорк, која вели дека успеала да остане бремена по првиот обид.

„Можеби беше само случајност, но сакам да мислам дека помогна чашата“, рече таа, додавајќи дека ако некогаш одлучи да роди уште едно дете, ќе се обиде повторно да ја користи менструалната чаша како помагало во зачнувањето.

Дали чашите за менструација се корисни додека се обидувате да забремените?

Иако ова можеби не е вообичаена стратегија за зачнување, чашата за менструација може да биде метод што вреди да се истражи и за кој вреди да поразговарате со вашиот лекар кога се обидувате да забремените. Иако искуствата на некои жени едноставно се случајни, можно е чашката да помогнала.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]