Дали децата треба да делат роденденски покани за неколку деца пред цело одделение?

„Не мора да ги каните сите, туку дека едноставно не ги делете поканите на часовите“, вели една учителка која е често сведок на тоа како некои деца се чувствуваат ужасно кога нивните соученици ги прескокнуваат делејќи ги своите роденденски покани во класот.

0
117

Видео во кое една мајка од САД се жали на учителката на своето дете неодамна стана вирално. Мајката тврди дека наставничката ја замолила на роденденот на нејзиното дете да го покани цело одделение, а не само неколку одбрани деца.

„Тоа е роденденска забава, а не народна кујна“, вели мајката, која го објавила видеото на профилот на TikTok @realitykeck.

@realitykeck

Is this a nationwide school policy? 😮‍💨 I can’t watch 27 kids at once are you insane lady! #BenefitOfBrows #BillboardNXT #ChimeHasYourBack #HowIBathAndBodyWorks #FlauntItChallenge #fyp #momsoftiktok

♬ original sound – Jamie K

Повеќе од пет милиони луѓе го погледнале видеото, а илјадници ја споделиле нејзината приказна.

Додека некои се на нејзина страна и тврдат дека е преголема мака да се згрижат 27 деца и дека не можат да си дозволат забава за толку многу деца, други покажаа загриженост за исклучените деца. Меѓу нив е и учителката Сидни.

„Јас сум учителка и гледам колку им е ужасно на непоканетите деца. Само не им давајте да делат покани на час. Едноставно е“, коментира таа.

„Мојата поента е дека не мора да ги каните сите, туку дека едноставно не ги делете поканите на часовите“, објасни таа потоа, откако нејзиниот прв коментар привлече големо внимание.

„Некои родители велат дека разочарувањето на другите деца не е нивен проблем и дека е во ред понекогаш да се разочаруваат и децата. Тие се однесуваат како се да се врти околу нив. Моите деца знаат дека животот не е фер. Многу пати учениците кои живеат во тешки услови имаат проблеми со стекнување пријатели, а потоа уште и не се поканети на родендени. Нема да дозволам вашата покана да ги потсети дека не победиле на натпреварот за популарност. Делете ги поканите во друго време, на друго место. Исфрлете ги од училницата“, вели таа.

Фото: Unsplash

[better-ads type='banner' banner='999' ]