Глувонемо деветгодишно дете заработува како фризер

Ова момче од Украина оглувело и престанало да зборува на двегодишна возраст, постојано плачело, а единствената работа што го смирувала била косата. Ја ишишал сестра му кога имал 4, а ја обоил косата на тетка му кога имал 7 години...

0
612

Еуген е деветгодишно момче од Украина кое на двегодишна возраст престанало да зборува и да се одзива на своето име. Не реагирал на звуци и постојано плачел, а единственото нешто што го смирувало била косата па ја чешлал и ѝ правел фризури на помалата сестричка, како и плетенки на нејзините кукли.

По некое време оглувела и неговата сестра. Докторите рекле дека децата ја изгубиле способноста да зборуваат и да слушаат. Со помош на гестикулации Еуген барал да му купат кукли за да може да прави фризури и плачел кога не можеле да го разберат или кога неговата мајка немала доволно средства за да му ги купи.

Секој ден ги земал ножиците и си ги горел прстите со справата за виткање на коса. Кога имал 4 години ја ишишал и ѝ направил фризура на сестра си. Мајка му била да фрли ѓубре, а кога се вратила видела коса на подот. За петтиот роденден добил професионални кукли-модели, плачел од среќа и спиел со нив цела недела.

На шест години мајка му го пратила во регуларно училите и зажалила заради тоа. Децата, па и возрасните луѓе го исмејувале заради неговото хоби, а тој не можел да објасни зошто сака да си игра со косите на куклите. На 7 години ја обоил и ја средил косата на тетка му, а резултатот бил многу подобар отколку кога одела да го прави тоа во фризерски салон. Момчето барало и други живи модели, но нему и на неговата сестра им претстоела операција. На децата им биле вградени импланти за да можат пак да слушаат и да зборуваат. По операцијата, наместо да учи да зборува, заедно со мајка му отишол право во фризерски салон. Нашле машки мјстор и го прашале да го научи Еуген на уметноста на овој занает. Момчето и мајка му плачеле кога тој се согласил да му помогне.

Шест месеци по операцијата, момчето го кажало првиот збор и му посакало добредојде на својот прв клиент. Сега работи и заработува како фризер. Дали вие би имале доверба да се препуштите на рацете на ваков фризер?

[better-ads type='banner' banner='999' ]