Велигденски јајца со ликовите на Дизниевите цртани јунаци

Најмалите најмногу се радуваат, а возрасните се восхитуваат на уметноста на овие прекрасни велигденски јајца кои секоја година ги изработува Елица Блажевска.

0
335

Елица Блажевска со својата четка, бои и многу креативност досега нацртала над 70 велигденски јајца, најмногу со ликовите на Дизниевите цртани јунаци.

Најгорда е на својата прва изработка со дебелкото глувче Гас од Пепелашка.

За да нацрта едно јајце вели дека се потребни околу 2 часа бидејќи самата  изработката бара трпение, посветеност и многу љубов.

„Сакам се што е поврзано со креативност и уживам во уметноста, па така пред 8 години се роди оваа идеја да цртам на велигденски јајца. Мотив ми се цртаните ликови од Дизни со кои израснав, стрип јунаците, a понекогаш и некоја нова идеја од секојдневјето која ја прифаќам како предизвик, но секогаш се трудам да не се повторувам. Секој Велигден го чекам со нетрпение за да нацртам нови ликови.

Досега секоја година цртав на природни јајца, но оваа година за прв пат цртав и на дрвени јајца, за да може малите дечиња да им се радуваат подолго. Најголемо задоволство ми преставува не само реакцијата на дечињата, туку и на сите возрасни. Нивната насмевка ми е мотив и следната година да продолжам  со цртање и да ги изненадам со нови и различни јајца за Велигден“.

[better-ads type='banner' banner='999' ]