Бебињата што минуваат повеќе време со таткото, се поздрави

Истражувачите се надеваат дека со овие резултати ќе ги потсетат на ова и оние татковци кои не се грижат толку за своите деца, без оглед на кого личи детето.

0
1061

Имаат ли децата некоја одредена предност во животот ако повеќе личат на таткото?

Стручњаците велат да, но тоа не се однесува на сите. Се однесува на бебињата кои се родени без татко, во разведени семејства, кои по раѓањето останале само со мајката.

Ако во таа ситуација бебето навистина личи на таткото, нивните татковци ќе имаат поголема желба и потреба редовно да ги гледаат, и тоа дури два ипол пати повеќе од татковците кои не живеат со своите деца и тие деца не личат толку на нив.

Ова го покажало истражувањето спроведено на Универзитетот Мичиген кадешто екипата, покрај истражувањето во разведените семејства, ги зела предвид и податоците од истражувањето за добрите ефекти врз децата кое било спроведено од 1998. до 2000. година, со нагласок на 715 бебиња кои од првиот ден живееле само со мајката.

Нивната анализа покажала дека токму татковците чии деца многу личеле на нив, биле подготвени да преземат грижа за децата дури два ипол пати повеќе денови во месецот од татковците кои таа сличност не ја сметале за толку очигледна.

Истражувачите дошле до цврст заклучок дека таа сличност на татковците кои не живеат со своите деца биле најјасен „родителски знак“ која им помогнала да донесат некои добри родителски одлуки, особено оние кои се однесуваат на долгорочни инвестиции и долгорочни планови за своето дете.

А така дошле и до податокот дека бебињата чии татковци мислеле дека им наликуваат, се од 10 до 25 отсто поздрави од децата чии татковци поминувале помалку време со нив, а се покажало и дека токму децата кои личат на татковците имаат значително помали шанси за развој на астма и други хронични болести, открило истражувањето објавено во Science Direct.

„Сето тоа покажало колку е татковската фигура важна за здравјето и за придобивките за децата“, рекол за Wall Street Journal еден од истражувачите на таа тема, професор Соломон Полачек од државниот универзитет на Њујорк од Бингхамтон.

Тоа може да биде и заради тоа што татковците кои поминуваат повеќе време со децата, воедно и повеќе се грижат за нивното здравје, од децата за кои се грижи само една личност – мајката.

Кога се двајца, значително полесно е да се подели грижата, а сето ова уште еднаш покажува колку се важни татковците. Истражувачите се надеваат дека со овие резултати ќе ги потсетат на ова и оние татковци кои не се грижат толку за своите деца, без оглед на кого личи детето.

Се надеваме дека поради здравјето на детето и подобрите можности во животот, татковците, но и мајките ќе сфатат колку е важно тоа време поминато со нив.

[better-ads type='banner' banner='999' ]