Анти – кампањи за поддршка на доењето

Во Мексико е многу мал процентот на жени што дојат па затоа властите во главниот град на оваа држава одлучиле да почнат кампања за да ја разбудат кај жените свеста за важноста на доењето и да ги поттикнат да ги хранат на тој начин своите бебиња, но нивниот обид не бил премногу успешен.

0
96

Маркетиншките кампањи кои ги поттикнуват младите мајки да дојат во што поголем број, е нешто на што не сме баш навикнати, но во Мексико сити, кадешто е  многу мал процентот на жени што дојат, властите во главниот град пред неколку години одлучија да почнат кампања за да ја разбудат кај жените свеста за важноста на доењето. Но нивниот обид не бил премногу успешен, а тие испратиле целосно погрешна порака.

Имено, на плакатите кои требало да го промовираат доењето биле претставени слаби и многу атрактивни модели, голи до појасот, чии гради се прекриени со бела лента на која пишувало: „Не им го вртете грбот, дајте им ги своите гради“.

Пред неколку години на насловната на Тајм магазин се појавила фотографија на мајка која дои дете од предучилишна возраст со натпис: „Дали сте доволно мајка?“

И ова разлутило и повредило многу мајки и ги ставило во одбранбена положба затоа што на некој начин им е ставен товар со прилично обвинувачки тон.

Од друга страна, во оваа реклама во Мексико Сити, на некој начин, важноста на доењето и, на крајот на краиштата, неможноста за истото, се ставаат во прилично негативен контекст.

Со реченицата „Не вртете им го грбот, дајте им ги своите гради“, се имплицира дека мајките кои не ги дојат своите деца се всушност лоши мајки, а мала е веројатноста дека таква порака ќе влијае на жените: Размислете, постои ли една жена на светот која би помислила дека треба да дои затоа што реклмата ѝ вели дека е лоша мајка ако не го направи тоа?

Доењето ќе им се приближи на мајките само и единствено ако се истакнува колку е тоа добро за здравјето на бебето, затоа што на сите мајки на светот сепак им е единствено важно здравјето на децата.

Вториот проблем со споменатата реклама е тоа што нејзините главни протагонисти биле моделки кои тешко можат да се поврзат со доењето.

Попрво би можело да се заклучи дека тие рекламираат фармерки или ординација на некој пластичен хирург.

Многу жени се согласиле дека оваа реклама не само што ги критикува жените кои не дојат на најгрд можен начин, туку го ставаат доењето во сексуален контекст и веројатно ниту една мајка на светот нема да може да се поистовети со истото.

И натаму останува фактот дека желбата за подигање на свеста за доењето е многу важна и благородна, само треба да се најде малку подобар начин за да се допре до мајките ширум светот. Едноставно, треба да им се каже дека доењето ќе им ја олесни грижата за бебето во првите месеци и дека нивното дете на овој начин ќе биде поздраво.

Фото: bustle.com

[better-ads type='banner' banner='999' ]