Ако сте во менопауза консумирајте намирници богати со витамин Е

Намирници кои содржат висок процент на витамин Е се бадемите, кикиритките, доматите, авокадото, слаткиот компир, спанаќот и многу зелен зеленчук, кои ја регулираат работата на хормоните, срцето и варењето

0
258

Менопаузата не е најдобар период за многу дами, некои имаат жештини, сува кожа, додека други имаат проблем со опаѓање на косата и старечки дамки. Исто така, може да се појават проблеми со меморијата, концентрацијата, намалено либидо и зголемено чувство на надуеност. Сето ова можат да бидат придружни симптоми на менопауза.

Во овој период, особено е важно да се грижите за здрава исхрана, нивото на минерали и витамини во телото. Некои американски студии дошле до заклучок дека витаминот Е е особено корисен за здравјето на организмот, како и дека го намалува ризикот од срцеви заболувања. Витаминот Е е особено корисен за процеси како што се дишењето, варењето, одличен антиоксиданс е и произведува енергија на најдобар начин. Добар е како детоксикација, затоа игра клучна улога во исфрлањето на токсините од телото и зачувување на имунитетот.

Покрај тоа што овој витамин можете да го користите како додаток, може да се најде и во намирниците кои го содржат во висок процент. Намирници кои содржат витамин Е се: бадемите, кикиритките, доматите, авокадото, слаткиот компир, спанаќот и многу зелен зеленчук. Се препорачува дамите кои влегле во менопауза да консумираат што повеќе од овој витамин, со цел да се зачува здравјето на организмот.

Фото: Freepik

[better-ads type='banner' banner='999' ]